Контакт

Вести

Мајката на снајперистот од Далас: Беше разочаран од военото искуство во Авганистан

Објавено пред

Михај Хавеиер Џонсон, 25-годишниот воен ветеран од Авганистан, кој во минатонеделниот расно мотивиран напад уби пет и рани уште седум полицајци во Далас, бил разочаран од военото искуство во Авганистан, открива неговата мајка, како што пренесуваат американските медиуми во понеделникот.

dobivaj vesti na viber

По нападот на Џонсон во четвртокот вечерта, американската армија уште во петокот преку портпаролката Синтија Смит објави дека тој бил столар и ѕидар во 420-та бригада на инженеријата во сојузната држава Тексас.

Според податоците на американската војска, како резервист Џонсон бил мобилизиран во три наврата од шест месеци до една година меѓу 2009 и 2015 година во 420-та бригада чие седиште е во Сиговил во Тексас.

Како што претходно објавија американските медиуми, ова црно момче кое живеел во Москвито, предградие на Далас, не било кривично гонето ниту казнувано, ниту било поврзано со некоја радикална група или организација.

Михеј Џонсон, служејќи во Авганистан, бил „разочаран“ од своето воено искуство, изјавила неговата мајка во разговорот за порталот TheBlaze.com во понеделникот

„Војската не беше онаква како што Михеј очекуваше, Беше разочаран. Многу разочаран“, изјави Делфин Џонсон, за неговата мајка, но не сакала да открие зошто тоа било така, и што стои зад неговото отпуштање од воената служба,

Претходно неколку медиуми, како и колеги на Џонсон преку социјалните мрежи, објавија дека тој во текот на престојот во Авганистан бил пријавуван од колешките во војската за сексуално вознемирување, дека им ја крадел долната облека, а една дури успеала да издејствува судска забрана да се приближува неа, на членовите на нејзиното семејство и на нејзините сопствености.

Џонсон во преговорите со полицајците, за кои барал да бидат само црнци, во текот на двочасовната опсада и престрелка пред да биде ликвидиран со робот бомба, рекол дека бил гневен на двата случаи од минатиот вторник и средата, кога во сојузните држави Лузијана и Минесота, полицијата смртно застрела двајца афроамерикци. „Сакам да убивам белци, особено полицајци“, им кажал Џонсон на полицајците.

Овие инциденти, кои се последни во најмалку двегодишна низа контроверзни полициски убиства на невооружени афроамериканци во Њујорк, Фергусон, Мисури, Чикаго и Балтимор, изминатиот викенд предизвикаа нови протести ширум САД поради расните предрасуди.

Во неделата беше соопштено дека во саботата вечерта биле уапсени вкупно околу 200 лица во неколку градови.

Началникот на полицијата во Далас, Дејвид Браун во неделата за CNN изјави дека во домот на Џонсон при претресот е откриено дека вежбал користење експлозиви, имал голем арсенал муниција и оружје, а водел и дневник за организирање напад, што укажува дека се подготвувал за многу поголем напад.

„Убедени сме дека осомничениот имал други планови“, изјави Браун додавајќи дека минатонеделните полициски убиства само ја забрзале одлуката. Тој, во преговорите со полицајците, се интересирал за тоа колку полицајци погодил, а пред да биде убиен им се заканил дека „ќе биде уште пострашно“, како и дека во центарот на Далас се поставени експлозивни направи.

Воената обука на Џонсон, а минал и приватен курс во приватна организација за обезбедување, му овозможило брзо да се движи и прецизно да гаѓа, поради што полицијата во првичните процени сметаше дека станува збор за повеќе снајперисти. Подоцна беше соопштено дека тој бил сам, пукал од неколку различни ката на иста зграда, и дека не бил поврзан ниту имал помош од некоја радикална група.

Демонстрациите против полициската бруталност во САД продолжуваат и натаму. Три сојузни држави ги предупредија своите граѓани да бидат претпазливи при патувањата во американските градови во кои се одржуваат протестите. Во вторник во Далас ќе се одржи комеморација за убиените полицајци, на којашто ќе присуствува и американскиот претседател Барак Обама./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Јадете 3 до 4 часа пред спиење, умерено со алкохолот и без петарди – совети за безбеден дочек на Новата година

Новогодишните празници носат промени во секојдневниот ритам, но и зголемени здравствени ризици доколку не се внимава на исхраната, консумацијата на...

Македонија9 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Ви давам збор, 2026 ќе биде многу подобра година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на Скопје. Тој даде...

Европа10 часа

(Видео) Путин во новогодишната порака: Уверен сум во победата на Голема Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изрази уверување во победата врз Украина, во својата новогодишна порака, речиси четири години по почетокот на...

Македонија12 часа

(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија...

Македонија12 часа

„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита...

Забава13 часа

Каролина Гочева: Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде

„Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева, на социјалните...

Македонија13 часа

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно...

Македонија15 часа

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија16 часа

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија18 часа

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија19 часа

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија19 часа

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет20 часа

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет20 часа

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет20 часа

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет20 часа

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија1 ден

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија2 дена

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...