Вести
Малезија негира дека исчезнувањето на МH370 има врска со товарот што го пренесувал

Исчезнувањето на малезискиот „Boeing 777“ во март 2014 година „воопшто не е поврзано со товарот што го превезувал“, изјави во четвртокот заменикот министер за транспорт на Малезија, Абдул Азиз Каправи.
Ваквиот заклучок, според Каправи, може да се извлече од прелиминарниот извештај објавен на 8-ми март за резултатите од истрагата, во кој исто така беа откриени деталите од разговорите на екипажот со службите на земјата и техничките параметри на леталото. Заменикот министер за транспорт на Малезија за локалните медиуми изјави дека „во согласност со меѓународните стандарди за безбедност во сообраќајот, целиот товар бил подложен на инспекција, вклучително и за присуство на огнено или студено оружје“.
Меѓутоа, во споменатиот документ се наведува дека во еден од товарните контејнери, во кој имало повеќе од 220 килограми јонско-литиумски батерии, не минале низ безбедносната проверка пред полетувањето на авионот.
„Товарот, кој бил во сопственост на компанијата ‘Motorola Penang’ пристигнал на товарниот терминал на аеродромот вечерта на 7-ми март, неколку часа пред полетувањето, но без спроведување на дополнителни контроли“, се наведува во извештајот. Компанијата со истиот лет превезувале вкупно 2,5 тони товар, вклучително и полначи и радио уреди.
Малезиските власти потврдија дека извештајот фактички не содржи никакви заклучоци за причините за мистериозното исчезнување на авионот. Според челникот на тамошното министерство за транспорт, Лиоу Тионг Лај, во документот само се содржани „општи информации“.
Авионот на „„Malaysia Airlines“ со 227 патници и 12 членови на екипажот, кој заедно со кинеската воздухопловна компанија „China Southern Airlines“ го изведуваше летот од малезиската престолнина Куала Лумпур за Пекинг, исчезна од радарите еден час по полетувањето, во 2.40 часот по локално време на 8-ми март 2014 година, недавајќи никакви сигнали за проблеми во кабината, за технички проблеми или за промена на рутата на летот.
Истрагата за судбината на МН370 го води независно тело предводено од Малезија, како земја во која е регистриран операторот, и во неа се вклучени уште седум земји, Кина, САД, Велика Британија, Австралија, Франција, Сингапур и Индонезија. Подрагата на подморјето во јужниот дел од Индискиот Океан покрај австралискиот брег досега покрила 40 отсто од предвидените 60.000 квадратни километри.
Малезискиот премиер Наџиб Тун Разак по повод годишнината од исчезнувањето на авионот изјави дека леталото, откако го променило курсот, го завршил својот лет во јужниот дел на Индискиот Океан. Властите ги прогласија за загинати сите 239 патници и членови на екипажот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.