Контакт

Вести

Малики порача да не се обидуваат да го маргинализираат

Објавено пред

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики, кој доаѓа од шиитското мнозинство, ги предупреди ривалските политички сили да не ја користат офанзивата на радикалните групи на сунитите и џихадистите од Исламската држава во Ирак и на Левантот (ISIL), повторувајќи дека новата влада мора да произлезе од парламентарните избори на коишто надмоќно победи.

dobivaj vesti na viber

Џихадистите од ISIL кои пред околу две седмици ја покренаа офанзивата во Ирак, веќе успеаја во западниот дел од земјата да си отворат целосен пат кон Сирија, каде што исто така дејствуваат против силите на алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад, освојувајќи го граничниот премин Бумал, наспроти Ал Каим кој го контролираат благодарејќи на договорот со локалниот огранок на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, од којашто Исламската држава во Ирак и на Левантот се оддели, поради несогласувањата околу радикалноста во дејствувањето. Така ISIL се приближува уште повеќе кон својата цел, обновување на средновековниот сунитски калифат кој се протега од ирачката планина Заргос преку Сирија до медитеранскиот брег на Либан. Меѓутоа, истовремено се зацврстуваат и границите на курдските региони во Сирија и Ирак, така што на овие земји им се заканува целосно распаѓање.Откако челниците на сунитските племиња повикаа на воспоставување влада којашто нема да се раководи од резултатите на парламентарните избори одржани на 30-ти април кои ги нарекуваат „маскенбал“, премиерот Нури ал-Малики оцени дека таквиот потег би претставувал „државен удар врз уставот и врз политичкиот процес“.Коалицијата која стои зад ал-Малики освои 92 пратенички места на парламентарните избори на 30-ти април, што е трипати повеќе од втората по големина политичка партија во земјата. Меѓутоа, не го освои потребното мнозинство во ирачкиот претставнички совет, поради што е принуден да бара поддршка од ривалска партија за формирање влада.Ирачкиот премиер го осуди „обидот на оние кои се противат на уставот да го сопрат младиот демократски процес и на избирачите да им го украдат гласот“. Малики предупреди дека никој не смее да се обидува да ја искористи „настанатата ситуација во земјата (…) за остварување на политички цели“.И покрај притисоците на Западот, Малики го исклучува формирањето на влада на ткн национално единство во кое би биле вклучени сите претставници на шиитите и сунитите, како и на Курдите, претпочитајќи политички договор за коалицирање во формирањето на новата ирачка влада. „Станува збор за многу критичен момент за Ирак и формирањето влада е нашиот најголем предизвик“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери. Најави воедно дека во петок ќе замине за Саудиска Арабија каде ќе побара „итно дејствување“ во Ирак, по посетите на Багдад, Брисел и Париз, каде што ќе престојува во четврток. Вашингтон, кој се дистанцира од Малики и го обвинува за секташка исклучивост во формирањето на владата што го предизвикало чувството на потиснатост кај сунитите, сепак вети дека ќе испрати 300 воени експерти инструктори во Ирак, од кои во средата пристигнаа речиси половината и веднаш се распоредени на првите линии на судирите.Новиот бран секташки насилства во Ирак започна на 23-ти април 2013 година кога безбедносните сили се судрија со милитантите и сунитските антивладини демонстранти, во неколку градови, како Рамади и Хавиџа во близина на Киркук, кои сега по една година се под контрола на ISIL.Процените говореа дека напорите на ирачките безбедносни сили да му стават крај на насилството, најголемо по повлекувањето на американските единици во 2011 година, нема да дадат резултат, бидејќи не е начната сржта на проблемот. Аналитичарите и странските дипломати, сметаат дека насилството произлегува од чувството на незадоволство кај сунитското малцинство кое смета дека е искористено од шиитското мнозинство кое сега ја контролира власта во земјата, што придонесува со привлекување нови борци.Некои групи од сунитите, коишто во времето на диктаторот Садам Хусеин ја држеа власта, коишто на државно ниво се малцинство со 33 отсто наспроти 66 проценти шиити, се блиски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и вршат напади врз припадници на шиитското мнозинство, врз ирачките безбедносни сили, како и врз сунитските прозападни политичари.Последните напади во Ирак се поврзани со големата историска нетрпеливост меѓу двете најголеми верски заедници во земјата, шиитите и сунитите. Екстремистичките групи во Ирак ги засилија нападите за да ја дестабилизираат власта на премиерот Нури ал-Малики, во време на одржувањето на кампањата за локалните избори што се одржаа во 2013 година, први по заминувањето на американските сили од земјата. Неговата влада влезе во жесток судир со милитантите, особено по подобрувањето на односите меѓу Багдад и Техеран каде што мнозинство, исто така, се шиитските муслимани, а Малики зазема неутрален став и во однос на граѓанската војна во соседна Сирија каде што сунитските опозициски бунтовници речиси три години се борат да го соборат од власта претседателот Башар ал-Асад кој е припадник на малцинските алавити (органок на шиитскиот ислам)./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион5 часа

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет6 часа

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа6 часа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ7 часа

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија11 часа

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ12 часа

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија12 часа

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија14 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија15 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет16 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија16 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион18 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет18 часа

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија18 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија1 ден

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија1 ден

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...