Контакт

Вести

Масовни протести во Рамала против бомбардирањето на Израел

Објавено пред

Додека Израелската армија продолжува со ракетните напади врз Газа, а бројот на настрадани Палестинци надмина 800, луѓето во Западниот брег одлучиле да се дигнат на нозе и да ја покажат својата огорченост поради повторното разгорување на судирите.

Десетици илјади Палестинци марширале од Рамала, град на Западниот брег, кон Ерусалим, со цел да го покажат незадоволството од најновите насилства и ракетни напади на Израел во појасот Газа. Протестот во Рамала е најголем од 1980 година.

 

Досега во овие напади настрадаа повеќе од 800 лица од кои најголем дел се цивилни жртви.

 

Според информациите на Reuteurs протести избиле и во Ерусалим, во близина на ѕидот на плачот.

 

Дипломатските напори за ставање крај на судирите помеѓу израелските сили и радикалното движење Хамас се се посилни откако во крвавата криза загинаа која трае повеќе од две недели загинаа голем број луѓе.

 

Само за време на вчерашните напади на израелските тенкови во северните делови на појасот Газа биле убиени 15 лица, додека повеќе од 100 лица се повредени во зградата во која е сместено училиште на Обединетите нации.

 

Израелскиот кабинет за безбедност ќе се состане во петок со цел да ги разглета условите за примирје во судирите со Хамас или пак да донесе одлука за проширување на операцијата во Газа.

 

Во судирите кои почнаа на осми јули загинаа повеќе од 800 Палестинци, додека Израел во своите редиови изгуби 32 војници кои загинале откко земјата започна копнена офанзива.

 

Судирите би можеле да се прошират и на Западниот брег, кој не е под контрола на Хамас туку на умереното движење Фатах, откако доцна во четвртокот на оваа територија во судирите помеѓу Палестинците и израелските сили настрадало едно лице./крај/мф/ап

Вести

Болниците во Белгија преполни, бараат помош од Германија

Објавено пред

Белгија побара од Германија да прими пациенти со коронавирус во своите болници за да го намали притисокот врз сопствените единици за интензивна нега, кои се преполни со пациенти поради пандемијата од Ковид-19, објавуваат белгиските новински агенции.

Тие ја цитираат изјавата на шефот за итна медицинска помош Марсел Ван дер Авере, кој рече дека нема повеќе резервни кревети за пациентите во неколку болници во земјата.

Според официјалните податоци, во Белгија се регистрирани скоро 450 новозаразени лица со коронавирус на 100.000 жители во последните две недели. Иако бројот е малку помал отколку пред неколку недели, бројот на починати во меѓувреме се зголеми на просечно околу 40 смртни случаи на ден.

Прикажи повеќе...

Вести

Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Објавено пред

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.

Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Вести

Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Објавено пред

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.

„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.

Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето  масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.

Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.

Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.

Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.

Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.

Денес протести за климата се планирани и на други места.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Судење за „Плацеви на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацевите и становите на Груевски

Александар Ивановски-Теранова во својство на сведок во случајот „Плацеви на Водно”, посочуваше како плацевите биле купувани, но и становите на...

Свет44 минути

Во Москва започнаа принудните неработни денови

Во Москва започнаа принудните неработни денови, кои, според претходната најава на градоначалникот Сергеј Собјанин, ќе траат речиси недела и половина...

Забава2 часа

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат...

Македонија3 часа

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет4 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион4 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа4 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет15 часа

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија20 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет22 часа

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија1 ден

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија1 ден

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет1 ден

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион1 ден

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија1 ден

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија1 ден

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет1 ден

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија2 дена

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија2 дена

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Досие