Контакт

Вести

Медиуми: Двајца уапсени во Египет за падот на рускиот авион, Каиро демантира

Објавено пред

Египетските власти уапсиле двајца вработени на меѓународниот аеродром во летувалиштето Шарм-ел-Шејк, осомничени дека им помагале на терористите да ја подметната бомбата во рускиот патнички авиони кој на 31-ви октомври се урна на Синајскиот полуостров, објави во вторникот Reuters повикувајќи се на египетски безбедносни извори, откако претходно Москва потврди дека причината за најголемата воздухопловна трагедија во историјата на руската и советска цивилна авијација со 224 жртви е терористички напад.
 

dobivaj vesti na viber

Египетските власти уапсиле двајца вработени на меѓународниот аеродром во летувалиштето Шарм-ел-Шејк, осомничени дека им помагале на терористите да ја подметната бомбата во рускиот патнички авиони кој на 31-ви октомври се урна на Синајскиот полуостров, објави во вторникот Reuters повикувајќи се на египетски безбедносни извори, откако претходно Москва потврди дека причината за најголемата воздухопловна трагедија во историјата на руската и советска цивилна авијација со 224 жртви е терористички напад.

 

„Биле приведени вкупно 17 луѓе, двајца од нив им помогнале на лицата коишто ја поставиле бомбата во авионот во Шарм-ел-Шејк“, рекол еден од соговорниците на Reuters.

Но министерството за внатрешни работи на Египет ја негира информацијата за наводното апсења на двајца осомничени аеродромски службеници. „Таа информација воопшто не одговара на вистината“, соопштиле од службата за односи со јавноста на министерството.

Во меѓувреме електронското издание на весникот Al Ahram повикувајќи се на извор во министерството за воздухопловство на Египет, пренесува дека официјален Каиро не добил потврда од Москва дека причината за уривањето на рускиот патнички авион „Airbus A321A“ над Синај бил терористички чин.

Наспроти тоа, соговорникот на весникот рекол едека египетските власти ја водат истрагата за несреќата и сé уште немаат докази кои би ја потврдиле верзијата за терористички чин.

Меѓународниот тим иследници коишто го водат египетски стручњаци, а во кој се уште експерти од Русија, Франција и Ирска, уште не нашол докази за подметната бомба во рускиот патнички авион, рекол за Reuters друг претставник на египетското министерство за воздухопловство.

„Досега тимот што ја води истрага не најде никакви докази коишто би ја потврдиле теоријата дека авионот експлодирал како резултат на терористички чин“, рекол функционер кој сакал да остане анонимен.

По објавата на Кремљ за заклучокот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) оти причината на падот на авионот е експлозија на импровизирана направа, портпаролот на британското министерство за надворешни работи за агенцијата ТАСС изјавил дека британскиот премиер Дејвид Камерон уште на 5-ти ноември на рускиот претседател Владимир Путин но ги дал доказите врз чијашто основа Лондон дошол до заклучокот за терористички напад како причина за падот на рускиот патнички авион над Синај.

Претходно во вторникот шефот на ФСБ, Алесандр Бортников, на средбата во Кремљ со рускиот претседател Владимир Путин и другите високи функционери објави дека станува збор за „терористички чин“.

„Недвосмислено може да се каже дека станува збор за терористички чин“, ми соопштил Бортников на Путин, се наведува во соопштението на Кремљ, „Во текот на летот импровизирана била активирана експлозивна направа со моќност еквивалентна на килограм тротил била“, истакнал челникот ФСБ.

Бортников рекол дека на остатоците од авионот се пронајдени траги од експлозив. Експлозијата на бомбата го разнела авионот во воздухот, половина час по полетувањето и на височина од над 9,400 метри, и тоа е причината поради којашто неговите делови се пронајдени на толку голема површина, како што претходно беше соопштено во радиус од 12 до 16 километри, рекол Бортников.

Рускиот претседател ветил на состанокот „дека ќе бидат пронајдени и ќе бидат казнети одговорните за нападот, на која и да е точка на планетата да се кријат“, за падот на рускиот авион за кој веднаш одговорноста ја презема Исламската држава.

„Болката за загубата нема да нé спречи да ги пронајдеме поединечно и да ги казниме злосторниците. Ќе ги најдеме на која да е точка на планетата и ќе ги казниме“, додал Путин на состанокот ко се одржувал до рано утрото во вторникот со високите воени функционери и тајните служби, како и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.

Руското воено воздухопловство ќе ги интензивира ударите врз џихадистите во Сирија, во врската со овие сознанија, најави во вторникот Путин.

„Воената операција на нашата авијација во Сирија не само што мора да продолжи, туку и да се интензивира за злосторниците да сфатат дека казната е неизбежна“, порачал рускиот претседател./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија45 минути

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија50 минути

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет3 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет3 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет3 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет4 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет4 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет4 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет4 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија13 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија14 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ15 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија17 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија19 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија19 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија22 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија22 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија22 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија23 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...