Контакт

Вести

Медиуми: Малезискиот авион летал 480 км посеверно од вообичаената рута

Објавено пред

Малезискиот патнички авион со 298 патници и членови на екипажот кој се урна во четвртокот во источна Украина во близина на границата со Русија, го следел курсот минувајќи 480 километри посеверно од вообичаената маршрута, изјави експертот за цивилно воздухопловство и уредник на британското списание Aviation International News Safety, пилот на комерцијалните авионски линии, Роберт Марк.

dobivaj vesti na viber

Во четвртокот навечер беше потврдено дека авионот од типот „Boeing 777“ на малезиската воздухопловна компанија „Malaysia Airlines“ на летот МН17 кој на 17-ти јули леташе на редовната линија од Амстредам до Куала Лумпур се урна во источна Украина, во областа Донецк која е под контрола на проруските бунтовници и каде што се водат жестоки борбени дејствија на украинската армија. Меѓу сите загинати 298 патници, 85 се деца. Киевските власти за трагедијата ги обвинуваат проруските милиции и Русија, додека овие, пак, вината за падот ја префрлаат на украинската страна. „Урнатиот авион се движел по курсот на 300 милји (483 километри) посеверно од неговата вообичаена маршрута. Повеќето летови на малезиската воздухопловна компанија од Амстердам за Куала Лумпур обично се извршуваат по маршрутата којашто минува далеку по на југ“, го цитира британскиот весник The Telegraph, воздухопловниот експерт Роберт Марк.Самата авиокомпанија инсистира дека авионот ја следел договорената маршрута. „Таа маршрута е договорена и ја користат 15 од 16 авиокомпании од здруженијата на азиските авиопревозници. Ова е безбедна маршрута, повеќето земји ја користат. Ние не добивме известување дека е изменета“, изјави претставник на „Malaysia Airlines“.„Само неколку часови пред несреќата, неколку патнички авиони на разни воздухопловни компании ја користеле истата маршрута. Пилотите на авионот на ’Malaysia Airlines’ на летот MH17 не добиле никакви упатства во последен момент дека треба да ја променат рутата во текот на летот“, изјави во петокот малезискиот министер за сообраќај на Лиов Тионг.Организацијата за Меѓународно цивилно воздухопловство (ICAO) ја одобрила патеката на споменатиот лет со напомена дека рутата е безбедна, како и дека и околните земји го одобриле прелетот на авионите на другите воздухопловни компании.„Како пилот, можам да кажам дека доколку бевме испратени по таа маршрута, притоа имајќи го предвид она што се случува последните седмици и месеци на границата меѓу Украина и Русија, јас никогаш не би се согласил со тоа упатство“, вели британскиот воздухопловен експерт.Марк вели дека го проучувал летот од Амстердам до Куала Лумпур преку онлајн системот за следење на историјата на прелетите FlightAware и забележал дека меѓу другите летови на малезиската компанија, само паднатиот „Boeing 777“ следел невообичаен курс.„Овој лет одел далеку далеку посеверно над Украина, отколку вообичаените летови на ’Malaysia Airlines’ по таа маршрута, тие се одвивале на 300 милји појужно отколку овој“, вели експертот.Претходно во петокот малезиските и странски медиуми пишуваа дека авионот летал над областа во којашто траат судирите откако пред три месеца сите меѓународни пилоти биле предупредени за неприфатливоста од користење на оваа маршрута, и потсетуваат дека уште во април воздухопловните власти на САД и на Европската унија соопштија за опасноста на летовите над источна Украина.Од друга страна, друг британски воздухопловен експерт, поранешниот директор на службата за безбедност во компанијата BAA, која е оператор на неколку британски аеродроми, Норман Шенкс, сугерира дека во „Malaysia Airlines“ можеле да се решат за измена во маршрутата поради заштеда. „’Malaysia Airlines’, како и многу други авиопревозници, продолжија да ја користат таа маршрута (над источна Украина), бидејќи таа е покуса, а тоа значи и намалување на потрошувачка на горивото и помали трошоци“, вели Шенкс./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет3 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија4 часа

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет4 часа

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет5 часа

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет17 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија23 часа

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија1 ден

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет1 ден

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија1 ден

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија1 ден

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија1 ден

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет1 ден

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ1 ден

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет1 ден

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет1 ден

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет1 ден

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија1 ден

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа1 ден

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија2 дена

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....