Вести
Медиуми: Обама за година ја продолжи борбената мисија во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама потпишал тајна наредба со којашто одобрува поширока борбена мисија во Авганистан во 2015 година отколку што претходно беше планирано, објави во саботата весникот The New York Times.
Американскиот претседател Барак Обама потпишал тајна наредба со којашто одобрува поширока борбена мисија во Авганистан во 2015 година отколку што претходно беше планирано, објави во саботата весникот The New York Times.
Со оваа одлука им се осигурува на американските војници директна улога во борбите во Авганистан за најмалку уште една година, пишува весникот и додава дека американскиот претседател Барак Обама ја донел изминатите неколку седмици на состаноците со своите советници за национална безбедност.
Досега официјалниот став на Вашингтон беше дека борбените операции во Авганистан ќе престанат до крајот на 2014 година, како и дека 9.800 американски војници, со околу три илјади војници од Германија, Италија и други земји, коишто потоа ќе останат во земјата ќе спроведуваат само мисии на поддршка и оспособување на авганистанските безбедносни сили коишто од 10-ти јануари 2015 година треба да ја преземат целосната одговорноста за безбедноста во земјата.
Меѓутоа, според The New York Times, кој цитира неименуван висок американски функционер, Обама неодамна ја потпишал наредбата со којашто им дозволува на единиците директно да се борат против талибаните и нивните исламистички сојузници во случај ним или на авганистанската влада да им се заканува опасност. Со таа наредба во мисиите е дозволена и воздушна поддршка, вклучително и употреба на борбени авиони, бомбардери и беспилотни летала.
Цивилните советници на американскиот претседател, пишува натаму весникот, се спротиставиле на таквата стратешка промена, но „воените функционери го добија она што го сакаа“, рекол цитираниот функционер.
Други соговорник, пак, нагласил дека повеќе нема да има редовни патроли насочени кон талибаните. Операциите нема повеќе да бидат насочени на талибаните „освен доколку тие не се закануваат на САД или на силите на меѓународната коалиција во Авганистан или директно ја помагаат Ал Каеда“, појаснил.
Оваа промена во стратегијата во Авганистан, според The New York Times, делумно е поврзана со брзото напредување на џихадистите од Исламската држава особено во Ирак, што предизвика критики на сметката на претседателот Обама дека ги повлекол американските единици од Ирак пред ирачката армија да биде навистина подготвена да се соочи со нападите на екстремните сунитски исламисти.
Новиот авганистански претседател Ашраф Гани изгледа дека е поотворен во однос на пошироката американска мисија отколку неговиот претходник Хамид Карзаи, па и тоа игра улога во промената на американската стратегија, смета весникот.
Во Авганистан во моментов има 27 илјади американски војници, додека во периодот кога воените дејствија кулминираа ги имаше повеќе од 100 илјади.
Весникот не прецизира дали одлуката на Обама ќе влијае и врз бројот на американските војници коишто ќе бидат во иднина распоредени во Авганистан./крај/мф/сн
Извор: The New York Times
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.