Контакт

Вести

Медиуми тврдат дека САД откриле топлински блесок при падот на рускиот авион, Пентагон не потврдува

Објавено пред

Американски сателит регистрирал топлинско сјаење над Синајскиот полуостров во моментот на падот на рускиот патнички авион во саботата утрото, што може да упатува на експлозија во резервоарот за гориво или детонација на бомба, објави ноќта кон вторникот американската телевизиска мрежа CBS News, повикувајќи се на својот коментатор, додека министерството за одбрана на САД одби да ги коментира ваквите наводи, а Стејт департментот се сомнева дека терористичката организација Исламска држава би можела да има одговорност во уривањето на рускиот воздухоплов.

dobivaj vesti na viber

„Американски сателит опремен со инфрацрвена технологија открил топлинско сјаење над Синај во моментот на падот на рускиот авион. Податоците сé уште се анализираат со цел да се утврди што би можело да го предизвика блесокот. Една од причините може да биде бомба, но можна е и експлозија во резервоарот за гориво или моторот како резултат на механички дефект…“, објави телевизијата CBS News, цитирајќи го својот коментатор за прашања од безбедноста Дејвид Мартин.Во меѓувреме Пентагон одби да ги коментира наводите на телевизијата. „… Немам ништо да кажам во врска со тоа“, изјавил портпарол на американското министерство за одбрана на прашање на руската агенција РИА.Џихадистичката терористичка групација Исламската држава не би можела да биде инволвирана во авионската несреќа на рускиот патнички авион во Египет, изјави на брифингот со новинарите портпаролката на американскиот Стејт департмент, Елизабет Трудо.Според неа, САД „во овој момент не гледаат никаква поврзаност“ на несреќата со терористички чин. Одговарајќи на прашање за евентуалната вмешаност на терористи на Исламската дражва во несреќата, Трудо одговори дека во Вашингтон „не виделе никакви соопштенија и извештаи коишто би можеле тоа да го потврдат“, пренесе агенцијата ТАСС.Кусо пред неа, челникот на американското национално разузнавање, Џејмс Клапер, во обраќањето на воено-политичка конференција во Вашингтон изјавил дека тој нема „сé уште директни потврди за терористички чин“ врз рускиот патнички авион над Синај.Во понеделникот, коментирајќи ги можните причини за падот на авионот, заменикот на извршниот директот на „Когалимавиа“ за организација на летачките операции, Александар Смирнов, изјави за новинарите дека ја исклучува техничката неисправност на авионот или грешка на пилотите. Според него, единствената причина за несреќата е надворешно влијание врз авионот од земјата.Министерството за транспорт на Русија уште во сабота ја демантираше информацијата што се појави во некои медиуми кои се повикаа на објава на Исламската држава на социјалните мрежи, според којашто рускиот авион што се урна во централен Синај бил соборен од ракета на терористите. Во соопштението беше истакнато дека Русија тесно соработува со египетските воздухопловни власти и дека ниту тие немаат никаква информација што би ги потврдило таквите шпекулации.Руските официјални власти и во понеделникот повторија дека е прерано да се извлекуваат какви и да се заклучоци за причината за уривањето на леталото. Челникот на Федералната агенција за воздушен сообраќај, Александр Нерадко, изјави дека претпоставките на топ менаџерите на авиокомпанијата „не се засновани на реални факти“. Тој, исто така, ги замоли експертите да не шпекулираат на таа тема.Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека ниту една од досега споменатите верзии според визуелните проучуваа на остатоците или прелиминарните податоци „во овој момент не може да се разгледува на официјално ниво“.Пред него извори од истрагата во Каиро изјавија дека на досега пронајдените и истражувани делови од рускиот патнички авион „Airbus A321“, не се пронајдени траги од експлозиви.Авионот од типот „Airbus А321“ на компанијата „Когалимавиа“ на летот 9268 од египетското летувалиште Шарм-ел-Шејк до Санкт Петербург се урна во саботата утрото околу половина час по полетувањето во северниот дел на Синајскиот полуостров, стотина километри од градот ал-Ариша. Во авионот имаше 217 патници, од кои 25 деца, и седум членови на екипажот, од кои тројца државјани на Украина, еден на Белорусија и сите други на Русија, што е најголемата несреќа во историјата на руската и советската цивилна авијација./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ5 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија5 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија6 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија7 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија7 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион8 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија9 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија9 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет9 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет10 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа10 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет10 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет11 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа11 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион20 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија21 час

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет23 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...