Вести
Медиуми: Загинале сите 113 патници од авионот што се урнa во Индонезија

Никој од 113-те лица кои биле во воениот транспортер од типот „Hercules C-130“ кој се урна во вторникот врз станбена област во северниот дел на островот Суматра, во градот Медан, не го преживеал падот, пренесуваат медиумите, но се стравува дека бројот ќе биде поголем поради тоа што несреќата се случи во населено место.
Високи претставници на армијата на Индонезија за AFP потврдиле дека нема преживеани во несреќата. Според нив, покрај 12-те членови на екипажот, со авионот се превезувале уште 101 патник.
Претходно портпаролот на индонезиските вооружени сили за, Фуад Басија, за националната телевизија соопшти дека во воениот транспортер кој полетал од базата кај Медан имало 12 членови на екипажот и 50 патници.
Од местото на уривањето, населена област, при што се оштетени хотел и најмалку два други станбени објекта, биле извлечени 49 тела на жртвите. „Веќе извлековме 49 тела, од коишто 23 се идентификувани“, изјавил за порталот Detik.com командантот во индонезиското воено воздухопловство, Агус Суприатна.
Урнатиот авион, исто така, превезувал и муниција, поради што операцијата за пронаоѓање и спасување, во којашто се ангажирани стотици полицајци, војници и припадници на спасувачките служби, се одвива со голема претпазливост. Очевидци, исто така, претходно изјавија за локалните медиуми дека непосредно пред падот на авионот врз хотелот се слушнала експлозија.
Генералот Суприатна, кој лично дошол на местото на трагедијата и ја надгледува операцијата на спасувачите, изразил надеж дека во најскоро време тие ќе успеат да ги подигнат остатоците од трупот на авионот, под кој се наоѓаат најверојатно и телата на други загинати.
Четиримоторниот воен транспортен авион до типот„Hercules C-130“, кој го произведува американскиот воздухопловен концерн „Lockheed“ се урна во југозападниот дел на главниот град на индонезиската покраина Северна Суматра, околу две минути по полетувањето од воздухопловната база „Сувондо“, прелетувајќи само околу пет километри. Пилотите наводно откриле проблем и сакале да се вратат во базата. Авионот направил свртување на околу пет километри од базата, по што се урнал.
Според очевидци, авионот имал проблеми уште пред да го закачи покривот на хотелот „Golden Eleven“, чиишто вработени тврдат дека експлодирал над зградата на хотелот. Парчињата од големиот труп на „Hercules C-130“, исто така, оштетиле уште два станбени објекта и електрични водови.
Според изјавата на генералот Суприатна, тој потврдил дека непосредно пред несреќата пилотот ја известил контролата на летањето дека има проблеми со мотор, и оти авионот се урнал во моментот кога се обидел да направи свртување назад кон базата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.