Вести
Медведев: Идната власт на Сирија треба да биде легитимна и цивилизирана

На Русија не ѝ е важно кој во иднина ќе ја води Сирија, главно е тоа да биде легитимна и цивилизирана власт, а не терористите од Исламската држава, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, во интервју за државната телевизија во саботата во кое ги критикуваше САД поради нивното одбивање да соработуваат со Москва по прашањето на борбата со тероризмот и решавањето на кризата во оваа блискоисточна земја.
На Русија не ѝ е важно кој во иднина ќе ја води Сирија, главно е тоа да биде легитимна и цивилизирана власт, а не терористите од Исламската држава, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, во интервју за државната телевизија во саботата во кое ги критикуваше САД поради нивното одбивање да соработуваат со Москва по прашањето на борбата со тероризмот и решавањето на кризата во оваа блискоисточна земја.
„Се разбира, не се бориме (во Сирија – з.м) за поедини челници, ги браниме нашите национални интереси… Како второ, имаме барање од легитимните сириски власти, тоа е основата за нашето дејствување“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Според него, Русија во Сирија се брани од заканите што ги претставуваат исламистичките екстремисти кои контролираат големи територии од земјата. „Претседателот (Владимир Путин) рече: очигледно, доколку не ги искористиме тие терористи онаму каде што се наоѓаат, тие ќе дојдат во Русија“, реле рускиот премиер.
Истакна дека за Русија не е приоритетот сирискиот претседател Башар ал-Асад и во иднина да ја води земјата, додавајќи дека би можело да го наследи кој и да е политичар, само тоа да не биде Исламската држава.
„Токму за тоа прашање треба да се дискутира. На Русија, Америка, сите држави кои се заинтересирани за тоа во регионот и во Сирија да има мир, таму да има нормална власт. Не е важно кој ќе биде на чело. Ние не сакаме на чело на Сирија да биде Исламската држава“, појасни Медвдев.
„Тоа мора да бидат цивилизирани и легитимни власти. Сирискиот народ ќе одлучи кој ќе ја води Сирија“, го повтори премиерот ставот на Москва истакнувајќи притоа дека Русија во моментов „дејствува по основа на фактот дека Бешар ал-Асад е легитимен претседател“.
Медведев, исто така, ја критикуваше одлуката на САД де не прими во Вашингтон, делегација кој тој требаше да ја предводи, ниту да испрати во Москва високи претставници за разговорите за сириската криза.
„Мислам дека тоа е глупаво. Американците со тоа само ја покажаа сојата слабост“, рече рускиот премиер,
Медведев оцени дека воздушната операција што ја изведува повеќе од една година меѓународната коалиција којашто ја предводат САД во Сирија имала „речиси никаков“ ефект врз Исламската држава, и оти „само руската интервенција ја менува ситуацијата на теренот“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.