Вести
Медведев: Русија во Сирија ги брани националните интереси

Рускиот премиер Дмитриј Медведев на безбедносната конференција во Минхен во саботата го отфрли обвинувањата дека руските воздушни сили во Сирија гаѓаат цивилни цели истакнувајќи дека руската операција во оваа земја е насочена против џихадистите во заштита на националните интереси, предупредувајќи на нова Студена војна меѓу Русија и Западот.
„Воопшто не постојат докази за наши бомбардирања на цивили, за што нé обвинуваа“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во Минхен истакнувајќи дека воздушните операции на руската авијација во Сирија се темелат на разузнавачки и набљудувачки информации од теренот и податоци од сириските безбедносни служби и оти досега Москва нема добиено релевантна потврда дека во руските воздушни напади страдале цивилни објекти и цивили.
Со тоа Медведев му реплицираше на францускиот премиер Маниел Валс кој говореше пред него велејќи дека наводното руско бомбардирање на цивили морало да престане и дека тоа било клучно за постигнување мир. „Франција ја почитува Русија и нејзините интереси… меѓутоа знаеме дека руското бомбардирање на цивили мора да престане ако сакаме да пoвторно да го најдеме патот кон мирот“, рече Валс.
„Русија не се обидува да постигне некои тајни цели во Сирија. Само се обидуваме да ги заштитиме нашите национални интереси“, рече Медведев истакнувајќи дека Москва, како и западните земји, се обидува да ги екстремистите да дејствуваат и на територијата на Русија.
Според процената на руското разузнавање, најмалку четири илјади лица од претежно муслиманските кавкаски републики и другите централно азиски земји од поранешниот Советски сојуз заминале на сириското боиште во редовите на Исламската држава. Ткн Кавкаски емират е најозлогласената терористичка организација којашто дејствува на Северен Кавказ. Беше прогласен во 2007 година и ја презема одговорноста за повеќето големи терористички напади во Русија во којашто загинаа стотици луѓе, меѓу другите и експлозијата на меѓународниот терминал на московскиот аеродром Домодедово во 2010 година. Според руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), повеќето од командантите на Емиратот Кавказ годинава ѝ изразиле лојалност на џихадистичката Исламска држава.
Медведев, исто така, истакна дека само редовната соработка меѓу Русија и САД може да доведе до нормализацијата на ситуацијата во Сирија, додека „политичката насока на НАТО и натаму е непријателска и затворена кон Русија“. „Посилно кажано: се лизнавме во периодот на Студената воја“, предупреди рускиот премиер./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости/AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.