Контакт

Вести

Мексико одобри екстрадиција на нарко-босот Гузман во САД

Објавено пред

Мексико го одобри екстрадирањето на Хоакин „Ел Чапо“ Гузман во САД и доби гаранција дека нема да му се заканува смртна казна, објави мексиканското министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Според мексиканскиот закон, Гузман може да се жали на та одлука, што екстрадирањето може да го одложи за неколку седмици или месеци. Неговиот адвокат потврди дека ќе се жали.

Официјалната постапка за екстрадиција на Ел Чапо во САД беше покрената на 10-ти јануари во Мексико, откако претставниците на Интерпол пристигнаа во затворот во Алтиплано и предадоа два „налози за апсење со цел за екстрадиција“. Адвокатите на Ел Чапо тогаш соопштија дека ќе влезат во „тешка“ правна битка и ќе одат до Врховниот суд за да ја спречат екстрадицијата.

Гузман беше еден од најбараните нарко-босови на светот додека не беше уапсен во јануари годинава, шест месеци откако побегна од затворот во централно Мексико низ подземен тунел долг километар и половина. Тој пред десет дена беше префрлен во затворот во Сиудад Хуарез, на границата со САД.

На судовите во американските сојузни држави Калифорнија и Тексас ќе одговара за криумчарење дроги, перење пари и убиства. Мексиканските власти „добиле од американските власти гаранции дека нема да добие смртна казна“, објави мексиканската дипломатија.

Мексиканскиот наркобарон Хоакин Гузман Лоер, познат и како „Ел Чапо“ (Кусиот) поради неговата височина од само 152 сантиметри, водач на наркокартелот Синалоа, беше уапсен во првата седмица на јануари во истоимената сојузна мексиканска држава, шест месеци по романескното бегство од затвори со висока безбедност во Алтипплан, каде што повторно беше вратен.

Гузман кон средината на ланскиот јули избега по вторпат од затворот со максимално обезбедување. Според очевидци, наркобосот последен пат бил виден во туш кабината во еден од затворските блокови. Сознанијата велат дека осуденикот бегството го извел со помош на наркокартелот Синалоа, една од најголемите злосторнички организации во Мексико.

Лоер беше уапсен и осуден на дваесетгодишна затворска казна уште во 1993 година. Потоа, откако мексиканските власти решија да им го предадат на САД, тој започнал да подготвува бегство од затворот. Гузман тогаш поткупил неколку затворски чувари и на 19-ти јануари 2001 година побегнал, сокривајќи се во комбе кое превезувало валкана облека. Во неговиот план за бегство, како што подоцна откри истрагата, биле вклучени речиси осумдесет луѓе.

Тогаш властите понудија награда од 2,3 милиони долари за информација што би овозможила ликвидација на Гузман. Наркобаронот беше уапсен повторно во февруари 2014 година, во еден од хотелите во градот Масатлан во западно Мексико.

Со статусот на легендарен и недофатлив мексикански крал на дрогата, се проценува во моментов на една милијарда американски долари. Ел Чапо неколку години се наоѓаше и на листата на најбогатите и највлијателни личност на светот во рејтинг листата на списанието Forbes. Магазинот го нарече Ел Чапо тие години еден од највлијателните луѓе на планетата, бидејќи го контролирал речиси целиот американски пазар на кокаин, кој тогаш му донел 300 милиони долари. Поради тоа американските власти распишаа награда за негово апсење од 5 милиони долари.

Магазинот Forbes рангирајќи ги личностите според „четири димензии на моќ“: влијание врз други луѓе, контрола на богатства, разновидност на влијанијата и активно користење на моќта во 2009 година Хоакин Ел Чапо Гусман, наркобаронот кој тогаш беше во бегство во зафрлените планини на северот на Мексико, го рангираше како глобално помоќна личност од тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев, од поранешниот француски Николас Саркози и од сега починатиот венецуелски претседател Уго Чавез.

На тој список на „најмоќните луѓе на светот”, Гузман беше рангиран на 41 место, две места пред Медведев и дури 15 места повисоко од Саркози, и само четири места подолу на листата од најбараниот терорист Осама бин Ладен, сега ликвидираниот водач на Ал Каеда.

Кога во 2007 година 52-годишниот Гузман правеше свадба со 18-годишна убавица, банкетот беше толку добро обезбедуван што армијата не се ни обиде да го приведе младоженецот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466

Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на...

Македонија6 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет6 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет7 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет7 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет7 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет8 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија20 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија22 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија23 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија23 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...