Вести
Меркел на крајот од посетата на Кина го поздрави договорот за кибернетичка безбедност
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/merkel20kina-1.jpg)
Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави договорот за кибернетичка безбедност постигнат со Кина, откако во вторникот за заврши тридневната посета на оваа земја.
Кина и Германија се договориле дека ниедна земја нема да се впушта во деловна шпионажа „за своите компании или за комерцијалниот сектор“ или „свесно да ги поддржува“ таквите активности. Договорено e дека ќе се воведе контролен механизам, за да се следат можните инциденти.
Пишаниот договор е надвор и над постојните договори меѓу Кина и САД, односно Велика Британија.
Германската страна договорот го нарече „важен политички сигнал“, по двоумењата од кинеската страна. Канцеларката Ангела Меркел во повеќе наврати беше упорна на важноста на кибернетичката безбедност и заштита од хакерите во дигитално поврзаните производствени процеси.
Меркел ја заврши својата посета на Кина со разгледување на погоните на германската автомобилска компанија BMW во градот Шенјанг во североисточна Кина.
„Верувам дека посетата ќе ги зајакне кинеско-германските односи без да се одминат меѓусебните разлики. Сакам, исто така, да укажам на ползата којашто ја имаат нашите мали и средни претпријатија кои работат во Кина“, изјави германската канцеларка за новинарите во вторникот вечерта.
„Меѓутоа, конкуренцијата е сé посилна, бидејќи Кинезите сакаат да напредуваат и сакаат да произведуваат сопствени производи“, додаде Меркел.
Канцеларката во понеделникот се сретна со кинескиот претседател Кси Џинпинг во Пекинг, а средбата со премиерот Ли Кечијан беше фокусирана на постојниот трговски судир поради одбивањето на Европската унија да ја класифицира Кина како пазарна економија.
Меркел рече дека Германија би делувала како посредник во тоа прашање и повика на смирување на ситуацијата.
Исто така, ја допре и темата на територијалните спорови во Јужното Кинеско Море, при што двете страни го изразија ставот дека спорот би требало да биде решен по мирен пат./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.