Вести
Меркел прозвана поради криза со човекови права во Египет

Пет невладини организации, меѓу кои и Human Rights Watch и Amnesty International, ја прозваа во понеделникот германската канцеларка Ангела Меркел поради „тешката криза човековите права во Египет, пред посетата на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси на Берлин.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, фелдмаршал и поранешен челник на Врховниот совет на вооружените сили кој има огромно влијание во земјата кој во јули 2013 година го отстрани од власта првиот избран египетски претседател исламистот Мохамед Морси, откако по неколкумесечните протести и над илјади мртви не успеа да се договори со либералната и секуларната опозиција која го обвинуваше дека ги презема овластувањата на судиите и оти го исламизира уставот на Египет, во среда треба да допатува во германската престолнина Берлин, каде што ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.
„Владата која ја предводи претседателот Сиси е одговорна за најтешката криза на човековите права во Египет последните децении“, се истакнува во отвореното писмо кое пет невладини организации за човекови права адресирано до Меркел. Писмото е потпишано од Amnesty International, Human Rights Watch, Front Line Defenders, Евромедитеранската мржа за човекови права и Меѓународната организација против тортурата.
Во писмото Меркел е повикана на средбата со Сиси „формата и димензиите“ на билатералните врски ги услови со „конкретни и брзи мерки на египетските власти за прекин на политиките кои систематски ги нарушуваат обврските на Египет“ на полето на човековите права.
Откако Морси беше отстранет од претседателската функција, започнаа масовните протести на исламистичките поддржувачи на неговото Муслиманско братство во коешто се убиени стотици исламистички демонстранти и десетици полицајци и војници, Покрај, тоа, со масовните брзи судеа кој ОН ги оцени како „невидени во поновата историја“ на светот, стотици нивни приврзаници се осудени на смртни казни и долгогодишни затворски казни./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.