Вести
Милијарда долари мистериозно исчезнаа од централната банка на Молдавија

Околу милијарда американски долари или 9,4 милијарди леи исчезнаа од Централната банка во Молдавија.
Обвинители, пратеници и американски истражители се ангажирани поради овој финансиски скандал којшто може да ја дестабилизира земјата, обидувајќи се да им влезат во трага на исчезнатите пари.За мистериозното исчезнување на парите, или кражбата на векот како што ја нарекуваат локалните медиуми, се дознало кога Централната банка открила дека три банки чии активности сочинуваат третина од вкупниот банкарски сектор на земјата, одобриле кредит од 9,4 милијарди леи што е 15 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на Молдавија. Овие кредити требало да бидат вратени до 27-ми март, но тоа не се случило, а засега не се знае каде отишле парите. Трансакцијата е извршена во текот на само неколку дена, непосредно пред парламентарните избори на кои победија ткн проевропските партии, поразувајќи ја проруската опозиција.„Не можам да сфатам како е можно да украдете толку многу пари во толку мала земја“, изјави претставникот на ЕУ во Молдавија, Пирк Тапиол.Во случајот се вклучени финансиската полиција и молдавски пратеници, а во јавноста излезе и извештај од седницата на собраниската комисија затворен за јавноста, според кој дел од парите се префрлени во четири руски банки.Шефот на опозициските социјалисти, Игор Додон, изјави дека парите на крајот се префрлени на сметките на неколку „оф шор“ компании. За да се избегне стечај на трите банки вмешани во исчезнувањето на парите, Централната банка на Молдавија ги стави под надзор.„Убеден сум дека долгот нема да биде вратен и дека ќе биде претворен во јавен долг“, изјави за AFP претседателот на здружението на банкари, Думитри Урсу.За кражбата истрага отвори државното обвинителство, по чиј налог во притвор се две лица чиј идентитет не е објавен. Вредноста на молдавската леа меѓу 1-ви ноември минатата година и 18-ти февруари годинава опадна за 42 отсто, а Додон оцени дека финансискиот скандал би можел да ја доведе државата во стечај./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.