Контакт

Вести

Милијардерот Дарст тврди дека е невин по обвинувањата за три убиства

Објавено пред

Адвокатот на американскиот милијардер Роберт Дарст, кој случајно признал три убиства коишто со години беа нерешени, изјави дека неговиот клиент е невин и е подготвен да се соочи со судот, пренесуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Американскиот милијардер Роберт Дарст, чие семејство е сопственик на неколку капитални недвижности на њујоршки Менхетен беше уапсен во саботата под обвинение за убиство во Њу Орлеанс, во сојузната држава Луизијана. Беше приведен по налог за апсење од обвинителот од Лос Анџелес, додека влегувал во хотел во Њу Орлеанс во кој бил пријавен под лажно име.

Дарст бил снимен како вели „ги убив сите“ во документарниот филм за неговата поврзаност со три нерасветлени убиства, на неговата прва сопруга Кетлин Дарст, на пријателката Сјузен Берман и на повозрасен сосед Морис Блек.

Во 2001 година Дарст беше уапсен во Галвстон, во Тексас, каде што живееше во тој период, под обвинение за убиство на неговиот сосед. Сепак, бизнисменот успеа во 2003 година да ја убеди поротата дека тој дејствувал во самоодбрана и ја избегна долгогодишната затворска казна.

Сега 71-годишниот Роберт Дарст е осомничен за вмешаноста во убиството во 2000 година на својата пријателка Сјузен Берман, како и за исчезнувањето на неговата прва сопруга Кетлин Дарст во 1982 година. Тој беше осомничен за исчезнувањето на сопругата, но во истрагата тврдеше дека последен пат кога е видел само ја испратил на воз.

Минатата седмица медиумите пишуваа дека обвинителството на Лос Анџелес повторно ја отворила истрагата за убиството на Сјузен Берман, а сега истражителите издале налог за апсење на Дарст. Обвинителите го поврзаа со убиството на Берман којашто наводно знаела некои за него опасни поединости во врска со исчезнувањето на сопругата на Дарст. Но за ова убиство никогаш против него немало доволно докази.

Самиот милијардер изјавуваше дека нема „ниту најмалку претстава“ за тоа кој би можел да ја убие неговата пријателка и не знае што се случило со неговата прва сопруга.

Во неделата бизнисменот беше обвинет за убиство. Во понеделникот беше изведен пред судија во Њи Орленас и прифати да биде префрлен во Лос Анџелес, каде што треба да му се суди за убиството на Берман од 2000 година.

Адвокатот Чип Луис смета дека апсењето на Дарст е спроведено во координација со екипата на документарецот на телевизијата HBO „Проклетство: Животот и смртта на Роберт Дарст“(The Jinx: The Life and Deaths of Robert Durst) во чијашто последна епизода емитувана во неделата навечер, Дарст случајни ги признава трите убиства. „Тоа е тоа, фатен си“, си рекол самиот себеси додека микрофонот по интервјуто му останал вклучен. „Што, поп ѓаволите, сторив? Ги убив сите, секако“, се слуша на снимката. Според снимателската екипа, тој и натаму го носел вклучениот микрофон во бањата од хотелскиот апартман по завршувањето на снимањето на интервјуто.

Во 2001 година Дарст беше уапсен во Галвстон, во Тексас, каде што живееше во тој период, под обвинение за убиство на неговиот сосед. Сепак, бизнисменот успеа да ја убеди поротата дека тој дејствувал во самоодбрана и ја избегна долгогодишната затворска казна.

Според магазинот Forbes, богатството на Дарст се проценува на 4,4 милијарди долари. Семејството на бизнисменот поседува 11 деловни изгради на Менхетен. Покрај тоа, сопственик е и на 10 отсто од акциите на облакодерот на Светскиот трговски центар – 1, изграден на местото од „кулите близнаци“, урнати во терористичките напади од 11-ти септември 2001 година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија17 часа

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ20 часа

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ22 часа

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ22 часа

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија1 ден

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет1 ден

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет1 ден

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа2 дена

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ2 дена

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија2 дена

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија2 дена

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија2 дена

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет2 дена

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...