Контакт

Вести

Милитантите во Јемен погубија над 25 војници

Објавено пред

Вооружени сунитски екстремисти убиле повеќе од 25 војници, меѓу кои и офицери, во градот Ел-Хута, најголемиот град во провинцијата Лахџа на југот од Јемен, соопштија безбедносни извори.

dobivaj vesti na viber

Милитантите заробиле повеќе од 25 припадници на редовните и специјални безбедносни сили во една куќа во градот Ел-Хаута, а потоа брутално ги егзекутирале, прецизираат јеменски безбедносни извори.

Во петокот во повеќе големи градови во Јемен беа извршени серија терористички напади, Во главниот град Сана, во тројниот самоубиствен напад во џамиите Ал-Бадр и ал-Хашуш, во кои се собираат припадниците на побунетото шиитско племе Хутси беа убиени речиси 150 луѓе. Истовремено во градот Саад, во северниот дел од земјата во две експлозии загинаа 33 луѓе. Одговорноста за нападите во Сана ги презема сунитската џихадистичка организација Исламска држава.

Од почетокот на годината безбедносната ситуација во Јемен нагло се влоши, откако започнаа брановите насилства во јужниот дел од земјата каде што е активна групацијата Ал Каеда на Арапскиот полуостров, додека во централните делови се одвиваат судири меѓу шиитската милиција „Ансар Алах“ од племето Хутси и владините сили./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет54 минути

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Свет58 минути

Шведска студија: Овие три професии први ќе бидат погодени од вештачката интелигенција

Веќе неколку независни студии заклучија дека две третини од занимањата ќе можат да бидат заменети или во голема мера извршени...

Свет1 час

Трамп постави нов рок за Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне...

Македонија1 час

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Македонија13 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија14 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија16 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија16 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија17 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија19 часа

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ19 часа

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија20 часа

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија20 часа

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија21 час

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...

Македонија22 часа

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, а по сопствен наод Фондот има извршено девет...

Македонија23 часа

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два...

Топ23 часа

Обвинение против осум лица, од нив шест полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската...

Топ1 ден

Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично...

Македонија1 ден

Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Свет1 ден

Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот кога...