Вести
Мирно решение за Украина бара Обама од Путин, кој детално го запознал со руските предлози

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин побарал пронаоѓање мирно решение за судирот во Украина пред одржувањето на самитот во белоруската престолнина Минск во среда кој се смета за решавачки во натамошниот развој на крајно влошените односи меѓу Западот и Русија, објави Белата куќа, додека Кремљ акцентот на разговорот по иницијатива на Вашингтон го стави на разгледувањето на задачите за да се постигне мирно решение на актуелната криза во оваа земја.
„Изразувајќи загриженост од зголемениот број жртви и постојаната поддршка која Русија им ја дава на сепаратистите (во источна Украина)“, американскиот претседател предупреди дека неуспех на мировните преговори кои ги иницираа Франција и Германија, „ќе има последици“за Москва, се вели во соопштението на Белата куќа.
Во текот на разговорот, Обама нагласил дека е важно Путин да ја искористи можноста на преговорите што се во тек меѓу Русија, Франција, Германија и Украина за наоѓање мирно решение. „Доколку Русија продолжи со агресивни акции во Украина и испраќање војници, оружје и финансирање на бунтовниците, последиците ќе ѝ бидат потешки“, се истакнува во соопштението на Белата куќа.
Во текот на телефонскиот разговор Обама ја повторил поддршката на САД на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Во текот на телефонскиот разговор на челниците на Русија и на САД, меѓу другото, беше истакната неопходноста од брзо прекинување на крвопролевањата, осигурување на законските права и интереси на жителите на сите, без исклучок региони, во Украина, се апострофира во соопштението на службата за односи со јавноста на Кремљ.
„Претседателите на Русија и на САД ја истакнаа важноста од политичкиот, преку дијалог, решавање на внатрешната украинска криза, скоро прекинување на крвопролевањата и обезбедување на сите права и интереси на населението на сите региони во Украина, вклучително и на југоисточните“, се наведува во соопштението на руската страна што посочува дека претседателот Путин на американскиот колега му го повторил ставот на Москва дека Русија во украинската страна не е инволвирана, односно дека ги отфрлил обвинувањата на Обама дека ги поддржува рускојазични бунтовници во Украина.
Како што истакнува прес-службата на Кремљ, Путин дал „детална процена на ситуацијата во југоисточна Украина, со акцент на последните руски предлози кои се разгледуваат, особено, во рамките на подготовката на планираната средба на 11-ти февруари во Минск на високо ниво во ткна ‘нормандски формат’.
„Со цел да се приближат позициите и пристапите на ситуацијата во Украина, Владимир Путин и Барак Обама се договорија за одржување на контактите на различни нивоа“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.