Вести
Могерини: Ерусалим треба да биде главен град на двете држави

Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, оцени во саботата дека Ерусалим „треба да биде престолнина на двете држави“, палестинската и израелската, во моментот кога во источниот палестински дел од Светиот град кој се смета за анектиран од Израел, се шири насилството.
„Мислам дека Ерусалим може и треба да биде престолнина на двете држави. Предизвик е да се покаже дека Ерусалим може да се подели во мир и во почитување“, изјави Могерини во Рамала, седиштето на палестинската Национална самоуправа во палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан) која меѓународната заедница ја смета за окупирана од Израел палестинска територија.Изјавата на новата шефица на дипломатијата на Европската унија доаѓа во моментот кога тензиите во источен Ерусалим достигнаа кулминација, имајќи предвид дека Израел таму продолжи со градењето на своите доселенички населби на што се спротиставуваат Палестинците кои ги осудуваат и провокациите на третото свето место за исламот – Платото на џамиите, или Ал Акса, каде што израелските безбедносни сили го забранија пристапот.„Тоа не е само израелско-палестински проблем, туку меѓународен“, додаде Могерини на заедничката прес-конференција со премиерот на палестинската влада на национално единство, Рами Хамдалах, на која изградбата на еврејските населби го нарече „незаконско“ и „препрека за решението со две држави“, пренесе AFP.Во текот на посетата на другата палестинска енклава – Појасот Газа, високата претставничка на ЕУ се зазема за независна палестинска држава, додека палестинското раководство се подготвува во текот на ноември во Советот за безбедноста при Обединетите нации да поднесе предлог резолуција со којашто ќе се утврди временскиот распоред за прекин на израелската окупација и ќе се создаде пат за формирање држава на Палестинците со границите од 1967 година со источен Ерусалим како главен град на таа држава.Израел, пак, повеќепати истакнува дека Ерусалим го смета за своја „единствена, историска и неделива престолнина“.Последните повеќе од две седмици во источен Ерусалим секојдневно се судираат младите Палестинци кои со камења и пиротехника ја гаѓаат израелската полиција која возвраќа со гумени куршуми, топовски удари и солзавец. Палестинците се противат на градењето домови за доселеници Израелци, како и за иселувањето на нивните сонародници кои претходно ги продаваат своите живеалишта на еврејски фондации кои подоцна и ги продаваат на Израелци.Насилствата се заострија откако еврејските екстремисти ја заострија кампањата барајќи промена на одлуката од 1967 година којашто им овозможува пристап до Ал Акса, над Ѕидот на плачот, но на кој немаат право да се молат. Палестинците возвратија со неколку инциденти во кои беа повредени повеќе и имаше една израелска жртва./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.