Контакт

Вести

Москва: Еден пилот убиен со оган од земја, турски авиони минале на сириска територија

Објавено пред

Еден од пилотите на соборениот руски авион е убиен со оган од земја а по другиот се трага соопшти руската армија, додавајќи дека податоците од радарските системи укажуваат дека рускиот „Су-24“ не го нарушил турскиот воздушен простор, додека сириската армија има податоци кои укажуваат дека турски борбени авиони во вторникот навлегле во нејзиниот воздушен простор.

dobivaj vesti na viber

Според тоа што авионот летал над сириска територија, пилотите се катапултирале над сириска територија, притоа еден од нив е убиен со оган отворен од земја, изјави началникот на оперативниот штаб генерал-полковникот Сергеј Рудској.Сириските бунтовници од туркменските бригади, кои се сириски државјани а имаат турско етничко чувство и се поддржувани од Турција, тврдат дека ги убиле двајцата руски пилоти. На интернет поставено е видео на бунтовнички борци околу мртвото тело на рускиот пилот, кои извикуваат во слава на Алах и според преводот жалат што не го запалиле неговото тело. Неименуван турски владин извор за медиумите изјави дека двајцата пилоти можеби се живи и дека Анкара работи на нивно ослободување.Руското министерство, исто така, во остро интонираното соопштение објави дека ги суспендира сите воени контакти со Турција, како и дека руските воени бродови со ракетни противвоздушни системи веќе се распоредени крај брегот на западната сириска покраина Латакија, како и дека отсега „ќе бидат уништени сите цели кои ќе бидат оценети како потенцијална опасност“ за руските сили.Според руското министерство за одбрана, инцидентот се случил околу 8,24 часот по средноевропско време, кога над територијата над Сирија турски борбен авион „F-16“ го соборил рускиот ловец-бомбардер „Су-24“ кој извршувал задачи над сириската територија. Според првичната процена, рускиот авион е соборен со проектил „воздух-воздух“ со кус радиус со термичко самонаведување.„Немало никаков обид од страна на турскиот авион да воспостави врска или визуелен контакт со нашиот екипаж, кое е регистрирано со средствата на објективна контрола“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.Претходно Анкара соопшти дека турските авиони десет пати за пет минути го предупредувале екипажот на рускиот авион дека наводно се наоѓа во турскиот воздушен простор, што било игнорирано.Портпаролот на Пентагон, Питер Кук, кој рече дека не очекува проблеми и измени во дејствувањето на коалицијата предводена од САД поради инцидентот со рускиот авион, изјави дека коалицијата пресретнала предупредување на турските пилоти до екипажот на рускиот авион, но не одговорил на која територија се случил инцидентот.Претходно портпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер, изјави на брифингот со новинарите дека САД немаа информации каде се наоѓал рускиот авион за време на нападот од турските авиони. Истакна дека САД „ја поддржуваат Турција како сојузник“ и оти Вашингтон сака „Турција и Русија да го одржат дијалогот и да не дозволат ескалација на ситуацијата“.Москва тврди дека рускиот авион бил гаѓан над територијата на Сирија, на најмалку еден километар од воздушниот простор на Турција. Местото на падот на „Су24“ е четири километри во сириска територија. Руската контрола регистрирала дека нејзиниот авион не ја минал границата на Сирија. Меѓутоа, според радарското разузнавање на сирискиот аеродром Хмејмим, кој го користат руските воздушни сили во Сирија, регистрирано е нарушување на сирискиот воздушен простор од страна на турските воздухопловни сили.„Овој факт се смета за флагрантно кршење на меѓународното право со најтешки последици и директно кршење на Меморандумот за спречување на инцидентите и осигурување на безбедноста на летовите во Сирија, склучен со САД и кој се однесува на сите страни од коалицијата, вклучително и од Турција“, заклучува руското министерство за одбрана во чие соопштение се наведува дека ќе бидат засилени сите мерки за осигурување на безбедноста на руските авиони во сирискиот воздушен простор./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија2 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија3 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија3 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија4 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа5 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија5 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион6 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет6 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија6 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија6 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија7 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион7 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет8 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет8 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион9 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион10 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија22 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија22 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија1 ден

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...