Вести
Москва: Експертите ја испитуваат можноста за терористички напад во авионот што се урна над Синај

Специјалистите ќе ја испитаат можноста за терористички напад или можноста во авионот кој се урна во саботата утрото над египетски Синајски полуостров да имало опасен товар, изјави во четвртокот челникот на руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација), Александр Нерадко.
„Групата што ја води судско-криминалистичката истрага ќе ги проучи прашањата за евентуално присуство на траги од експлозивни супстанции на елементи на конструкцијата на авионот, на багажот, на рачниот багаж на патниците, како и на телата на жертви, во врска со можноста за терористички напад во авионот“, изјавил за новинарите Нередко, кого го цитира агенцијата Нерадко.
Друга група, додал челникот на Росавијација, ќе се занимава со прашањата во врска со товарот и начинот на неговото внесување во авионот. Ќе бидат проверени аспектите дали во багажот или во рачниот багаж на патниците имало опасни материи, прецизирал Нерадко.
Според него, исто така, ќе бидат анализирани прашањата поврзани со воздухопловната безбедност на самиот аеродром во Шарм-ел-Шејк од каде полета авионот во саботата утрото кон Санкт Петербург. Истрагата треба да покаже дали безбедноста била целосно почитувана според стандардите за воздухопловство или има недостатоци, поради коишто во авионот би можеле да бидат внесени забранети предмети или супстанции.
Оваа изјава на Нерадко доаѓа откако во средата американската телевизија CNN и Associated Press, повикувајќи се на извори од американското разузнавње, објавија дека причина за падот на рускиот патнички авион била експлозија, можеби од подметната бомба во леталото. Египетската и руската истрага, како и американското разузнавање претходно ја исклучија можноста авионот да бил соборен од Исламската држава, чиј огранок е активен во северниот дел од Синајскиот полуостров
Претходно во четвртокот египетскиот министер за цивилно воздухопловство Хусам Камал објави дека истражителите не откриле никакви знаци кои би укажувале на експлозија во авионот, а властите во Каро добиле уверување од официјален Вашингтон дека информациите за експлозија во рускиот авион „не го одразуваат ставот на САД во врска со причините за несреќата“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.