Контакт

Вести

Москва одговори на изјавите на Кери и Хејгел

Објавено пред

Руското министерство за надворешни работи во четвртокот реплицираше на коментарот на американскиот државен секретар Џон Кери за тоа дека двете земји споделуваат тајни информации за џихадистите од Исламската држава, велејќи дека Москва не сака да биде вмешана во делување на сојузи кои го кршат меѓународниот закон, додека министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека предизвикува сериозна загриженост изјавата на неговиот американски колега Чак Хејгел кој порача дека армијата на САД покрај со терористите треба да се соочи и со „модерната и воено ефикасна“ руска армија којашто е на „прагот на НАТО“.
 
 

dobivaj vesti na viber

Руското министерство за надворешни работи во четвртокот реплицираше на коментарот на американскиот државен секретар Џон Кери за тоа дека двете земји споделуваат тајни информации за џихадистите од Исламската држава, велејќи дека Москва не сака да биде вмешана во делување на сојузи кои го кршат меѓународниот закон, додека министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека предизвикува сериозна загриженост изјавата на неговиот американски колега Чак Хејгел кој порача дека армијата на САД покрај со терористите треба да се соочи и со „модерната и воено ефикасна“ руска армија којашто е на „прагот на НАТО“.

 

 

Иако во соопштението на руската дипломатија не се негира дека таква соработка за екстремните исламистички групи постоела а ја прекинале САД, се истакнува дека е потребно да се појасни изјавата на американскиот државен секретар Џон Кери, според која тој со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се договориле за споделување на тајните информации.

Кери претходно седмицава, по состанокот со Лавров во Париз, изјави дека САД и Русија се договориле за „јакнење на соработката кога станува збор за размената на тајните информации за Исламската држава, како и во поглед на антитерористичките предизвици во регионот“.

Руското министерство за надворешни работи извести дека Москва и од порано им помага на Сирија и на Ирак во борбата против тероризмот.

„Тие прашања беа поставени од државниот секретар на САД. Лавров, пак, истакна дека Русија од поодамна и постојано се справува со тероризмот и им пружа помош и на други земји кои се соочуваат со терористичката закана, вклучително и обезбедување значителна помош за Сирија, Ирак и други земји во регионот (на Блискиот исток) за зајакнување на нивната борбена способност. Русија ќе продолжи со тие напори, но нема да се вовлекува во ’коалиции’ кои се создадени со заобиколување на Советот за безбедност при ОН и го кршат меѓународното право“, се наведува во соопштението на руската дипломатија , кое го цитираат руските медиуми.

Москва всушност алудира дека Вашингтон се оглуши на повиците воздушните операции врз позициите на Исламската држава особено во Сирија да добијат мандат од Советот за безбедност на ОН и тие да бидат изведувани во координација со владата на претседателот Башар ал-Асад, кого всушност Западот сака да го собори поддржувајќи ги сунитските „умерени“ вооружени групации.

Во изјавата, исто така се истакнува дека руската страна на споменатиот состанок од вторникот во Париз потсетила дека во руско-американската Претседателска комисија работела група за антитероризам, во рамките на којашто, меѓу другото, била остварувана размена на заемно корисни информации.

„Сепак, активностите на Претседателската комисија и сите нејзини механизми, вклучително и групата за антитероризам, беа еднострано прекинати од американската страна“ од избувнувањето на украинска криза, се истакнува во одговорот на Москва.

Истовремено руската страна одговори и на изјавата од средата на американскиот министер за одбрана Чак Хејгел кој изјави дека американската армија ќе мора да соочи во наредниот период со терористичката закана, вклучително и онаа од Исламската држава, како и со модерната и ефикасна руска армија којашто според него е на границите на НАТО.

„Со американскиот министер за добрана Чак Хејгел се познавам лично. Оттаму, неговите зборови искажани на годишниот состанок на американската армија, во којашто руските вооружени сили ги изедначи со воен непријател, благо речено, ме изненади“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кого го цитира РИА Новости.

„Денес во светот не постои ниедна невралгична точка на којашто не е присутна американската армија. Покрај тоа, по завршувањето на ткн ’мисии за промовирање на демократијата’ , таквите региони паѓаат во крвав хаос. Познати се примерите со Ирак, Либија, Авганистан и сега со Сирија. Дури трагичните настани во Украина не се без отворено менторство на претставници на оперативната група на Централната команда на армијата на САД“, изјави за медиумите рускиот министер за одбрана.

„Тезите на Чак Хејгел за потребата на американската армија да се подготви за да се ’справи’ со веќе ’модернизираната и ефикасна’ руска армија којашто е на ’прагот на НАТО’, предизвикува сериозна загриженоста. Тоа сведочи дека Пентагон разработува сценарија за операции на границите на нашата земја“, возврати Шојгу.

„Наместо зголемување на тензиите во моментов е неопходен искрен дијалог со целосната агенда за нашите односи со западните партнери. Тоа е единствениот начин да се изнајде заемно прифатлив начин за да се зачува постојната рамнотежа на силите и зајакнување на стратешката стабилност“, му порача рускиот министер за одбрана на својот американски колега. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија1 час

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија1 час

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија4 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет6 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет6 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија6 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет14 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа15 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија18 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа18 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет19 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет19 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија20 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија21 час

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија23 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија24 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија24 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија24 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија1 ден

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...