Контакт

Вести

Москва: Политиката на САД се заснова на отворени лаги и ја имаат целата одговорност за кризата во Украина

Објавено пред

Администрацијата на САД ја понесува целата одговорност за судирот во Украина и неговите тешки последици, а исто така во спроведувањето на својата надворешна политика се потпира на целосни лаги, одговори во саботата министерството за надворешни работи на Руската Федерација на претходните обвинувања на Белата куќа дека рускиот претседател Владимир Путин „е виновен“ за уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина.

dobivaj vesti na viber

„САД продолжуваат да го туркаат Киев во насилното задушување на незадоволството на рускојазичното население. Еден е заклучокот – на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама паѓа дел од одговорноста за внатрешниот судри во Украина и неговите тешки последици“, се наведува во изјавата на руското министерство за надворешни работи. „Судејќи според непопустливата кампања за клеветење на Русија, организирана од страна на американската администрација, таму сé повеќе се потпираат на отворените лаги во спроведувањето на својата надворешна политика. Имајќи ги предвид само најновите изјави на портпаролот на претседателот на САД, Џош Ернест, кој директно ја обвинува нашата земја за уривањето на малезискиот авион над Украина“, се истакнува во соопштението на руската дипломатија. Патничкиот авион „Boeing 777“ кој леташе од Амстердам до Куала Лумпур со 298 патници и членови на екипажот од кои 85 деца, на 17-ти јули се урна над источна Украина, 60-ина километри од границата со Русија, во областа на Донецк контролирана од проруските бунтовници. На последниот брифинг во Белата куќа во петокот, портпаролот Џош Ернест ги обвини руските власти и директно претседателот Путин за уривањето на малезискиот авион. Според него, ракетата земја-воздух била истрелана од територијата којашто ја контролираат проруските бунтовници. Ернест, исто така, рече дека информацијата за тоа дека украинските бунтовници обучени од Русија користеле ракетен систем „Бук“ администрацијата на САД ја добила од социјалните мрежи. „Како поткрепа на своите тврдења Вашингтон досега не даде ниеден доказ, па се повикува само на факти кои можат да се дискутираат и коментираат. Сите во Белата куќа се ограничуваат на споменување на некакви ’разузнавачки податоци’, чии извори никако да бидат наведени и, што е уште полошо, од ’информации од социјалните мрежи’. Со други зборови, вашингтонскиот режим во својата аргументација се потпира на неосновани антируски невистинити шпекулации, собрани на интернет. Познато е кој се занимава со затнувањето на мрежата со тоа ѓубре, тоа е само Вашингтон, а покрај тоа можеби и Киев“, се вели во остро интонираната руска реакција, како што претходно тамошното министерство за надворешни работи реагираше и на најновите проширувања на санкциите од Европската унија, предупредувајќи го Брисел дека потклекнувајќи пред притисоците на САД ја прекинува соработката со Русија во сферата на безбедноста што може да оди во полза на меѓународниот тероризам. Руското министерство за надворешни работи, исто така, истакнува дека Москва постави многу прашања до Вашингтон кој „сé повеќе се изолира себеси од можноста да согледа нешто поинакво освен сопствените планови и заклучоци“.„Пред да ги покажат ’виновниците’, САД би требало да одговорат на 10-те прашања од Министерството за одбрана на Русија и 22-те прашања формулирани од руската Федерална агенција за воздушен сообраќај. Зошто во Вашингтон молчат? Веројатно затоа што немаат одговори. Или затоа што одговорот се сведува на еден збор – санкции“, заклучува руската дипломатија. Претставници на руската армија на 21-ви јули објавија податоци во коишто е регистрирана ситуацијата на територијата на Донецката област непосредно пред трагедијата на малезискиот патнички авион. Тие факти, според Москва, пред властите во Киев поставуваат многу прашања, како што се за зголемената активност на украинските радарски системи во текот на денот на несреќата, лоцирањето во близина на територијата контролирана од бунтовниците на ракетен систем „Бук“ на украинската армија и воени авион на украинските сили кој му се приближил на малезискиот авион кусо непосредно пред падот./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет3 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет7 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет8 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет11 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет11 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет12 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет12 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет13 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет13 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија13 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет14 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет14 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет17 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија18 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет18 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет23 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет1 ден

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...