Вести
Москва: Промената на ставот на САД во однос на Асад е победа на руската надворешна политика

Промената на позициите на Белата куќа за политичката иднина на сирискиот претседател Башар ал-Асад, чиешто неизоставно заминување од власта претходно го бараше како услов за политичката транзиција во Сирија и запирање на повеќе од четиригодишната граѓанска војна, претставува „голема победа“ на надворешната политика што ја води Русија, изјави во петокот заменикот на претседателот на руската Државна Дума, Николај Левичев.
Претходно, американскиот дневен весник The Wall Street Journal објави, повикувајќи се на извори во американската администрација, дека САД ја промениле својата позиција за иднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад, како и дека Белата куќа е подготвена да разговара за неговата судбина на преговорите коишто во петокот се одвиваат во австриската престолнина Виена, за надминување на сириската криза.
Вашингтон досега беше упорен во ставот за безусловното повлекување на Асад од политиката, одбивајќи дека тој може да биде дел од ткн транзициски период во Сирија. Но соговорниците на WSJ, велат дека во последниот период Белата куќа не дава изјави во јавноста за периодот на повлекувањето на Асад, за да си овозможи простор за маневрирање на преговорите во Виена.
Од друга страна, и Русија којашто го имаше тврдиот став дека нејзиниот децениски сојузни Асад треба да биде дел од преодниот период на политички промени во Сирија, попушти со изјавите дека таа не го поддржува конкретно актуелниот претседател, но и оти за неговата судбина исклучиво треба да решава сирискиот народ.
„Подготвеноста на САД ‘да разговараат за иднината’ на Асад, претставува голема победа на руската надворешна политика. За промената на претходните бескомпромисни позиции на Вашингтон во однос на официјален Дамаск придонесоа низата разборити дејствија на руското раководство“, изјави за новинарите во Москва заменикот спикер на рускиот парламент.
Според него, двата најважни чекора кои ги направила руската дипломатија во овој правец се говорот на претседателот Владимир Путин на Генералното собрание на ОН и напорите на руското министерство за надворешни работи во создавањето широка коалиција од земји за борбата со екстремната сунитска организација Исламска држава којашто контролира големи територии од Сирија и од Ирак. /крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.