Контакт

Вести

Москва: САД согласни дека во моментов не треба да се разговара за иднината на Асад

Објавено пред

Ставот на Москва дека за иднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад не би требало да се разговара во овој момент наиде на разбирање од страна на Вашингтон, изјави во петокот заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

dobivaj vesti na viber

„Сегашниот политички процес во голема мера стана можен бидејќи Москва наиде на разбирање од страна на Вашингтон за својата основна теза дека одлуката за иднината на сирискиот претседател не би требала да биде на дневниот ред во оваа фаза“, изјави рускиот дипломат коментирајќи ги резултатите од дводневната посета на американскиот државен секретар Џон Кери на Москва.

Русија последните две години од почетокот на интензивните напори за политичко решение на сирискиот конфликт е истрајна во барањето за иднината на нејзиниот сириски сојузник претседателот Башар ал-Асад да се изјаснат самите Сиријци на избори. Западните земји и од нив поддржуваната сунитска вооружена опозиција досега беа исклучителни во барањата дека неопходно е заминувањето на Асад од должноста.

Кери во Москва разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и со претседателот Владимир Путин. По разговорите Кери изјави дека со секоја негова посета на Москва, а ова беше трета за година дена, зајакнале односите со Москва кои последните неколку години беа напнати поради несогласувањата поради конфликтите во Сирија и во Украина.

Актуелниот прекин на огнот во Сирија, кој стапи на сила на 27-ми февруари и овозможи двете страни засега индиректно да преговараат во швајцарска Женева, е производ на договорот меѓу Русија и САД./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет2 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија3 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија4 часа

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет5 часа

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет6 часа

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија7 часа

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –...

Македонија19 часа

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија20 часа

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет21 час

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет21 час

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...

Свет21 час

Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера...

Топ1 ден

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија1 ден

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...

Македонија1 ден

„Вардариште“ е обезбедено, останува „Дрисла“, проблемот ќе биде саниран за една недела, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори на новинарско прашање во...

Топ1 ден

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР...

Македонија1 ден

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...