Вести
Можно прекинување на преговорите за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/sad20eu20zname.jpg)
Прекинот на преговорите околу договорот за Трансатланското партнерство за трговија и инвестиции (TTIP) е „најизвесната опција“, имајќи го предвид американскиот став, оцени во вторникот францускиот државен секретар за надворешна трговија, Матијас Фекл.
„Имајќи го предвид ставот кој денес го имаат САД, тоа е најизвесната опција“, рече Фекл за радиото Europe 1.
Меѓународната еколошка организација Greenpeace во понеделникот објави 248 страници тајни документи за преговорите, во кои се наведуваат негативните последици од TTIP на здравјето и природната средина. Фекл, пак, наведе дека веќе една година го критикува ставот на САД.
„Сакаме реципроцитет. Европа нуди многу а за возврат добива малку. Тоа не е прифатливо“, рекол францускиот претставник. Тој додал дека Париз сака француските мали и средни претпријатија да имаат пристап до американскиот пазар и дека сака да го заштити своето земјоделство и географско потекло на стоката.
Франција неодамна предупреди дека ќе ги прекине преговорите за TTIP доколку наскоро нема напредок. „Реков ланскиот септември дека, доколку нема напредок, би требало да ги прекинеме преговорите. Таа опција уште е на масата. Свесни сме дека некои земји скакаат договор по секоја цена во рокот што го диктираат американските избори. Тоа не е француски пристап“, изјави францускиот министер за трговија Матијас Фекл на 19-ти април, на маргините од конференцијата за TTIP во Париз.
Францускиот социјалистички претседател Франсоa Оланд, исто така, е против TTIP, во неговата изјава дадена на 14-ти април во телевизиското интервју за France 2. „Франција секогаш може да каже не. Доколку нема реципроцитет, доколку нема транспарентност, доколку има опасности за земјоделците, ако немаме пристап до јавните набавки во САД, а САД имаат пристап до сето она што ние овде го работиме, тогаш нема да се согласам“, вети Оланд кого следната година напролет го очекуваат претседателските избори, а популарноста му е рекордно ниска.
Шеесет француски социјалистички пратеници и сенатори апелираа на почетокот од април во напис во дневниот весник Le Monde францускиот парламент „да не биде замолчен“ по тоа прашање, критикувајќи го „недостигот од транспарентност“ во преговорите за TTIP. „Никој не знае што содржи TTIP, а оваа година би требало да биде склучен“, предупредија.
Во пресрет на последната рунда од преговорите за TTIP, германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел рече дека Американците не сакаат да ги отворат своите јавни тендери за европските фирми и дека тоа е сосема спротивно на слободната трговија. Минатата недела во Њујор беше отворена нова рунда од преговорите за овој договор, чија цел е формирање на најголемата зона на слободна трговија, со население од 800 милиони луѓе.
Финализирањето на договорот беше планирано за оваа години, но се чини дека разликите се премногу договор за да тие да може да се надминат до крајот на 2016-та. Критичарите на договорот предупредуваат дека тој би можел да ја загрози заштитата на потрошувачите и еколошките стандарди, како и да отвори можност мултинационалните компании да ги оспорат законите на државите пред некои арбитражни судови./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.