Вести
На Хилари Клинтон ѝ се слоши, порано замина од одбележувањето на 11-ти септември.ВИДЕО
Демократската кандидата на американските претседателски избори Хилари Клинтон порано отколку што било предвидено од одбележувањето на атентатите од 11-ти септември во Њујорк, бидејќи ѝ се слошило, соопштија од нејзината кампања, но таа по извесно време објави дека се „чувствува одлично“.
Демократската кандидата на американските претседателски избори Хилари Клинтон порано отколку што било предвидено од одбележувањето на атентатите од 11-ти септември во Њујорк, бидејќи ѝ се слошило, соопштија од нејзината кампања, но таа по извесно време објави дека се „чувствува одлично“.
„Во текот на свеченоста, ѝ стана многу жешко и замина во њујоршкиот стан на својата ќерка Челзи, од каде што е јавено дека ѝ е подобро“, стои во општество.
Клинтон од одбележувањето заминала во станот на својата ќерка на Челзи на Менхетен, а по некои време излегла надвор, а на новинарите им рекла дека се „чувствува одлично“, и се упатила кон својот дом во Чапаква.
Поранешната прва дама на САД и поранешна државна секретара на комеморацијата на 15-годишнината од 11-те септември во 2001 година, каде со минута молк, како и нејзиниот републиканскиот противни во трката за Белата куќа, Доналд Трамп, им одаде почест на околу трите илјади жртви.
Со месеци кампањата на републиканскиот кандидат повторува дека 68-годишната демократска кандидатка има здравствени проблеми и нема физичка кондиција, па не може да биде избрана за претседателка. Нејзината лична лекарка Лиза Бардак повеќепати изјави дека здравјето на Клинтон е во ред.
Во август отсутноста на Клинтон на бините за време на предизборните настапи и во интервјуата за медиумите, како и објавената фотографија на нејзиниот асистент кој држи подготвена инјекција, станаа повод американските медиуми да ја започнат сериозната расправа за здравствената состојба на демократската претседателска кандидатка.
Американскиот интернет весник Huffington Post ја отстрани кон крајот на август статијата и го блокирал акаунтот на еден од своите автори, кој ја отвори темата за здравјето на Хилари Клинтон. Според информациите на порталот Breitbart, во немилост на водството на Huffington Post паднал блогерот Дејвид Симан, кој во август објави две колумни во кои стануваше збор за скандалот околу наводно лошата здравствена состојба на Хилари Клинтон.
Во своите написи, блогерот истакнуваше дека според востановената практика, претседателскиот кандидат треба на американската јавноста да ѝ даде увид во неговиот здравствен картон. Подоцна и двата написа беа отстранети од интернет страницата на весникот „без појаснување на причините за тоа“, како што напиша Симан. Покрај тоа, бил блокиран и акаунтот на блогерот во Huffington Post./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.