Вести
Над 20 загинати во новиот бран насилства во ЦАР
Најмалку 21 човек е убиен а околу 100 се ранети во немирите во еден од една од областите на Банги, главниот град на Централноафриканската Република, кои избувнаа по убиството на муслиман, објавија болнички извори.
Според локалното население, возач на мотоцикл-такси во саботата утрото бил убиен со студено оружје, од засега непознати причини, што го предизвикало насилствата во квартот во Банги, кој беше сцена на секташки насилства кон крајот на 2013 и почетокот од 2014 година.
Во градот во кој владее извонредно висока стапка на насилство, убиството на возачот предизвика експлозија на насилство. Според агенцијата Reuters, жртви на разгневените муслимани биле жители на квартот во кој мнозинството од жителите се христијани, Станува збор за најголемите насилства оваа година во престолнината на Централноафриканската Република.
Во саботата ноќта забележано е смирување на ситуацијата во Банги. Пукотниците предизвикале паника кај населението, додека меѓународните сили, војниците од француските сили Sangaris и мисијата на Обединетите нации MINUSCA, пренесува AFP.
Советот за безбедност на ОН во април 2014 година донесе резолуција во ЦАР да испрати околу 12.000 мировници. Задачата на силите на мисијата MINUSICA е да го штити цивилното население од насилство, да ги поддржува преодните власти и да ги разоружи разбојничките банди, помагање во подготовката на изборите и пружање хуманитарна помош. Во април 2015 година мандато на мисијата беше продолжен на уште една година.
Ситуацијата во ЦАР започна да се влошува на почетокот од декември 2013 година, кога во главниот град Банги избувнаа судири меѓу милитантите од исламистичката група Селека и спротиставените бунтовници христијани. Според ОН, за време на конфликтот повеќе од илјада луѓе биде убиени, а околу милион лица биле принудени да ги напуштат своите домови./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.