Вести
Над 360 загинати во земјотресот во Кина
Бројот на жртвите во земјотресот со магнитуда од 6,1 степени по Рихтер кој во неделата ја погоди југозападната кинеска покраина Јунан, се искачи на 367 загинати и над 1.900 повредени, соопшти во неделата навечер кинеската државна агенција Синхуа.
Епицентарот на земјотресот кој ја погоди покраината Јунан во 16.30 часот по локално време (10.30 по македонско) се наоѓал на 11 километри од местото Венпин и 29 километри од градот Чжаотун, додека жариштето било на длабочина од десет километри под површината, кај градот Лонгтушан.Најмногу настрадал округот Лудиан каде живеат 430 илјади луѓе. Урнати биле 12 илјади куќи, а триесет илјади домови и објекти се оштетени. Во прекин се телекомуникациските врски и снабдувањето со електрична енергија. Студентот Ма Хао кој волонтира како спасувач изјави за Синхуа „Да, тажно е што немавме време за телата, но мораме прво да им помогнеме на живите“. До неделата навечер повеќе од 2.500 војници се испратени во настраданата област, покрај 300-те полицајци и пожарникари. Веќе од неделата напладне на теренот работат и 400 спасувачи и 12 кучиња трагачи. Цивилните власти испратија илјадници шатори, кревети и покривачи. Обилните дождови во Јунан им ја отежнуваат работата на спасувачите, забележува агенцијата.Според кинеските медиуми станува збор за најсилниот земјотрес што ја погодил покраината во последните десет години. Во септември 2012 година Јунан беше погоден од земјотрес со магнитуда од 5,7 степени кога загинаа осумдесет луѓе а 800 беа повредени. Истата област, која се смета за сеизмички доста активна, во 1974 година беше погодена од земјотрес во кој загинаа повеќе до 1.400 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Xinhua
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.