Контакт

Вести

Над 500 деца убиени од почетокот на судирот во Јемен

Објавено пред

Повеќе од 500 деца се убиени од почетокот на судирите во Јемен, а 1,7 милиони биле изложени на опасности поради неисхранетост, објави во петокот УНЕЦЕФ.

dobivaj vesti na viber

Кон крајот на март, повеќе од шест месеци по интервенцијата на сунитската арапска коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ѝ помогнат на владата којашто се соочува со бунтот на шиитското племе Хути и одметнатите војници на поранешниот претседател Салех, убиени се најмалку 505 деца, 702 се ранети, изјави во Женева за новинарите портпаролот на УНИЦЕФ, Кристоф Булиерак.

Покрај тоа, уште 606 деца биле регрутирани со сила или биле користени од сите страни во судирот, што според Булиерак е четири пати повеќе отколку во целата 2014 година.

„Децата се убивани во бомбардирањата, но и во улични судири“, појасни портпаролот на УНИЦЕФ, апелирајќи до судрените страни и оние кои имаат „влијание врз нив да го прекинат тоа насилство“.

Во земјата каде што 80 отсто од населението има помалку 18 години, околу 10 милиони деца имаат итна потреба од хуманитарна помош, според процените на УНИЦЕФ.

Вкупно повеќе од 1,4 милиони лица се раселени поради војната во Јемен. Од почетокот на судирот 2.355 цивили се убиени а уште 4.862, според Високиот комесаријат на ОН за човекови права, кој на почетокот од септември меѓународна и независна истрага./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

„Тие што треба да не штитат, не трујат со наши пари“: Граѓаните со протестен марш против загадувањето

Со протестен марш, кој започна пред Министерството за животна средина, попладнево иницијативата „Зелен хуман град“ заедно со други граѓански организации...

Македонија2 часа

Под истрага 23 лица во акцијата „Адитив“

По двонеделна предистражна постапка што започна да се спроведува од 21.11.2024 година кога предметот е доставен на надлежно постапување на...

Македонија5 часа

За Мицкоски, ДУИ е политички глодач: Знаат дека утре ништо нема да се случи со Законот за јазиците, но ќе излезат и ќе кажат дека поради нивниот притисок, сè е одложено

На членовите на Демократската унија за интеграции им е многу јасно дека утре не може ништо да се случи со...

Македонија6 часа

Доказите за црната листа на САД се лесно достапни, македонските институции може самите да ги обезбедат, рече американската амбасадорка Агелер

Американската амбасадорка Ангела Агелер вели дека се разгледува можноста за дополнителни санкции за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за судијата...

Македонија6 часа

Васко Ковачевски не е во државата веќе подолго време, но Мицкоски очекува бргу денеска да биде обезбеден и вратен

Васко Ковачевски не е во државата подолго време, но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата,...

Македонија6 часа

Силјановска-Давкова очекува судот и Обвинителството да постапaт по црната листа на САД

Лицата што се нашле на црната листа на САД не треба да продолжат со редовни активности, смета претседателката Гордана Силјановска-Давкова...

Македонија7 часа

Петрушевски за полициската акција: ЕСМ и РЕК „Битола“ беа користени од поранешните функционери за испумпување милиони преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите да продолжат во спроведување на законот и овозможување на правдата во врска со денешната полициска акција...

Топ9 часа

Македонец почина во зимски центар во Бугарија

51-годишен маж од Македонија почина на патеката Шилигарник над Банско во Бугарија, објави „Бгнес“. Веројатна причина за смртта на мажот...

Македонија9 часа

ДУИ: Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот

Демократската Унија за Интеграција соопшти дека ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД. „Како партија, остануваме посветени на стратешката...

Македонија10 часа

Голема акција на МВР поврзана со РЕК „Битола“

Голема акција на Министерството за внатрешни работи поврзана со работењето во РЕК Битола. Утрово има големи претреси во Битола, Велес,...

Македонија10 часа

Парламентот да усвои закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД, предлага Демократскиот сојуз

Демократски сојуз смета дека сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со одлуката за црната листа на САД се докажа дека претходната влада е до гуша во корупција

Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција, Груби и Беџети...

Свет11 часа

Победниците и губитниците од падот на Асад

Oткако бунтовниците брзо го зазедоа Дамаск и го принудија на бегство сирискиот моќник Башар ал-Асад, светот се обидува да го...

Европа12 часа

Ердоган: Останаа двајца искусни лидери во светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека во светот останале само двајца лидери со долгогодишна служба и искуство во...

Свет13 часа

Орбан се сретна со Трамп и Маск на Флорида

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа се сретна со Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск во домот на новоизбраниот американски претседател...

Македонија13 часа

СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис

СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ...

Македонија22 часа

Пожар во фирмата „Атлантик“ во Визбегово, горат два шлепери, постои опасност од проширување

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во...

Македонија23 часа

Поради вмешаност во корупција, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се на црната листа на САД

Стејт департментот назначи нови 14 лица во црната лица на САД, меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера зборувајќи за правата на народот кој...

Македонија1 ден

Утре протест поради загадениот воздух

Утре во Скопје протести поради загадениот воздух. Маршот започнува во 16 часот пред Министерството за животна средина, продолжува кон Собранието...