Вести
Над сто мртви во судир на џихадистите и локално племе во Либија

Повеќе од сто луѓе се убиени во жестоките судири кои траат три дена меѓу џихадистите на Исламската држава и локалното племе во либискиот град Сирт, објави во петокот телевизијата Al-Arabiya.
Повеќето од загинатите се припадници на либиското племе Ферџани, кое одбило да ѝ изрази лојалност на Исламската држава. Насилствата меѓу двете групи избувнале откако било пронајдено телот на влијателниот муслимански свештеник Халид бин Раџеб, кого го убиле џихадстите бидејќи не сакал да застане на нивната страна./
Според порталот на англиски јазик Libya Herald, повеќето од жртвите се борци од племето Ферџани, како и две деца и четири постари луѓе. Од страна на Исламската држава, според порталот, меѓу жртвите биле двајца команданти, Саудиец идентификуван како Абу Хузаифа Ансари, и Египќанец, Абу Хамам Масри.
Исламската држава се заканила на жителите на некои северни населби околу градот Сирт дека ќе употреби хемиски гас, доколку не престана со нападите врз нејзините борци, и ги повикала сите кои работата во полицијата, судството и финансиите да ѝ се „заколнат на верност или да соочат со смртта“.
Либискиот премиер кого го поддржува меѓународната заедница Абдула ал-Тани, а кој неодамна најави дека ќе поднесе оставка, во петокот ја обвини Исламската држава за „геноцидни злосторства“ во градот Сирт, градот во кој е роден и беше егзекутиран во октомври 2011 година поранешниот децениски либиски автократски претседател Моамер ел-Гадафи. Ал-Тани побара од ОН да го укине ембаргото за оружје за либиската влада, коешто беше воведено во избувнувањето на востанието против Гадафи поддржано од Западот пролетта 2011-та.
Исламската држава го воспостави своето седиште во Сирт на почетокот од 2015 година, и од тогаш ја проширува територијата во Либија која е под нејзина контрола./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.