Контакт

Вести

Над три илјади бунтовници пребегале од Сирија во Јордан, и 600 во Европа

Објавено пред

Повеќе од три илјади милитанти од џихадистичките групации Исламска држава, Џебхат ан-Нусра и Џаиш ал-Јармук пребегале од Сирија во Јордан, по масивното напредување на армијата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, соопшти во понеделникот сириски воен извор, а руските служби проценуваат дека најмалку 600 џихадисти се враќаат кон Европа од почетокот на руските воздушни удари.

dobivaj vesti na viber

Претходно во саботата генералот Андреј Картаполов од рускиот Генералштаб изјави дека руските воздушни удари започнати минатата среда во Сирија принудиле околу 600 борци на Исламската држава да се упатат кон Европа.

Сумирајќи ги резултатите од тридневната руска кампања Картаполов во соопштението објавено во саботата наведе дека руските разузнавачки служби дека милитантите ги напуштаат областите кои се под нивна контрола. „Паника и дезертерство ги зафатија редовите на терористите. Околу 600 платеници ги напуштиле своите позиции и се обидуваат да се вратат во Европа“, истакна генералот.

„Најмалку три илјади борци на Исламската држава, Џебхат ан-Нусра и Џаиш ал-Јамрук, пребегнаа во Јордан. Тие стравуваат од големата офанзива на сириската армија на сите фронтови и од ударите на руските авиони“, изјавил неименуван сириски воен фунцкионер за агенцијата РИА.

Според соговорникот, сириската армија во неделата ги бомбардирала позициите на Исламската држава и на Џебхат ан-Нусра во предградие на главниот град Дамаск, во покраините Деир-ез-Зор и Хомс, вклучително и во областа на градот Палмира каде што Исламската држава во неделата изврши уште едно големо злосторство врз светското културно наследство од листата на УНЕСКО.

Во Деир-ез-Зор сириските сили ја нападнале Исламската држава, обидувајќи се да ги потиснат нејзините борци од гратчињата Расафа, Рашидија, Ум-ал-Синаа и притоа биле убиени околу 160 џихадистички борци. Во судирот биле уништени и три оклопни возила на сириската армија, која признава дека има ранети војници но не го соопштува нивниот број или за смртно настрадани.

Во покраината Хомс сириската армија тврди дека успеала да уништи две колони на Исламската држава во близина на градот Палмира во областа Сехни, а артилеријата ги бомбардирала терористичките позиции во ал-Карајатајан, при што биле убиени 17 екстремисти.

Исто така, во покраината Хомс сириските борбени авиони и артилеријата извршиле напади врз позициите на сунитските радикални групации Џебхат ан-Нусра, Јатаиб ал-Фарук и Ахрар аш-Шам, кои се утврдени во селото Фаилак.

Според воени извори, во оваа џихадистичка коалиција започнале сериозни разидувања меѓу борците од сириско потекло и странските џихадисти во врска со командувањето. Сириските бунтовници наводно барале од странските борци да ги напуштат селата Хула, Растан и Талбиси за да се избегнат нападите на руските авиони и офанзивата на сириските копнени војски која беше објавена минатиот четврток.

Во понеделникот над селата Растан и Талбиси сириските борбени хеликоптери исфрлале летоци во кои на милитантите им се предлага да го положат оружјето а на цивилното население да се евакуира, бидејќи наскоро ќе започне голема воена операција на сириската војска. Такви летоци во понеделникот биле фрлан и на југот од покраината Хама.

Истовремено во предградијата на главниот град Дамаск сириските авиони ги нападнале бунтовничките позиции во Дума и Дараја, а во Харашти бил уништен команден пункт. Сириската армија се обидува да ги отфрли терористите подалеку од престолнината, бидејќи во изминатиот период тие со ракетни и минофрлачки оган ги гаѓаа централните и историски квартови на главниот град.

Сириската армија објави и дека во близина на северниот град Алепо одбиен е напад на Исламската држава врз воздухопловната школа, во рамките на воздухопловната база, која повеќе од две години е под опсада и притоа биле убиени најмалку 15 терористи./крај/мф/сн

Извор: SANA/РИА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија8 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија9 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија9 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија9 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија10 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион12 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет12 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија13 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа13 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет13 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет13 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет14 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет14 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа14 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...