Вести
Најдени четири тела од урнатиот руски авион Ту-154

Пронајдени се телата на четири од патници од вкупно 92 луѓе кои се наоѓале во авионот „Ту-154“ на руското министерство за одбрана кој се урна во Црното Море во неделата утрото летајќи од Сочи кон Сирија.
Претходно руските агенции објавија дека спасувачките екипи го лоцирале местото на падот на авионот со 84 патници, меѓу кои и членови на воениот оркестар „Александров“, девет новинари, воен персонал и позната хуманитарна активистка, кој се урна во Црното Море во близина на брегот кај туристичката дестинација Сочи откако исчезнал од радарите.
Министерството за одбрана соопшти дека авионот во кој имал осумчлен екипаж управуван од искусен пилот, полетал од Адлер, јужно од сочи, и се наоѓал на рутински лет кој руската воена база кај Хмејмим, недалеку од Латакија во Сирија. Станува збор за база којашто ја користат руските борбени авиони за операциите во Сирија.
Патниците главно требало да настапуваат за руските војници во Сирија по повод новогодишните и божикните празници.
Делови од авионот се пронајдени во Црното Море на длабочина од 50 метри, на околу, 1,5 километри од рускиот брег. Агенцијата РИА објави, повикувајќи се на неименувани воени извори, дека авионот се урнал поради технички проблеми или грешка на пилотот. Агенциите наведуваат дека од авионот не е испратен никаков повик за помош,
Портпаролот на Крем, Дмитриј Песков, како и рускиот премиер Дмитриј Медведев, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите, рекоа дека засега е прерано да се зборува за жртвите во несреќата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.