Контакт

Вести

Најмалку 11 мртви во Кина при минување на тајфун

Објавено пред

Тајфун Меранти, најсилната бура оваа година во светот, е причина за 11 смртни случаи а уште девет луѓе се сметаат за исчезнати при неговото минување на југоистокот од Кина, објави во петокот министерството за цивилни работи.

dobivaj vesti na viber

Со ветер со брзина до 170 километри на час, тајфунот ја зафати областа Ксиамен ноќта на четвртокот, проследен со силни врнежи. Ширум овој регион без електрична енергија останале 1,65 милиони домови.Според новинската агенција Xinhua, станува збор за најсилниот тајфун регистриран оваа година на површината на Земјата, како и најсилниот кој ја погодил крајбрежната покраина Фуџијан, сместена наспроти Тајван, од почетокот на воведувањето на метеоролошките статистики во 1949 година.Поради опасноста од тајфунот раселени се повеќе од 330.000 жители. Стотици куќи и згради се уништени, како и илјадниците хектари земјоделски насади, според агенцијата која ја проценува штетата на 2,3 милијарди евра. Мост стар 900 години бил однесен од надојдените води, според истиот извор./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...

Свет12 часа

(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши...

Македонија13 часа

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија14 часа

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија17 часа

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија18 часа

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа19 часа

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија20 часа

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје20 часа

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија20 часа

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа22 часа

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...

Европа22 часа

Пред заминувањето Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца...

Европа23 часа

Шефот на германското разузнавање: НАТО може да го активира членот 5 поради руските саботажи

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна...

Свет23 часа

Маск го критикува начинот на кој функционира Европската Унија

Илон Маск ја критикуваше Европската комисија, нарекувајќи го телото „недемократско“, што е последна во серијата негови јавни критики на институциите...

Македонија1 ден

Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство „Вечерва...

Економија2 дена

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија2 дена

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија2 дена

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија2 дена

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија2 дена

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...