Контакт

Вести

Најмалку 120 мртви во троен напад врз џамија Нигерија

Објавено пред

Најмалку 64 луѓе загинале а 270 се ранети во петокот во троен напад врз Големата џамија во Кано, со која управува еден од главните муслимански челници во Нигерија кој неодамна ги повика Нигеријците да се вооружат и да дадат отпор на радикалната исламска секта Боко Харам.
 

dobivaj vesti na viber

Најмалку 64 луѓе загинале а 270 се ранети во петокот во троен напад врз Големата џамија во Кано, со која управува еден од главните муслимански челници во Нигерија кој неодамна ги повика Нигеријците да се вооружат и да дадат отпор на радикалната исламска секта Боко Харам.

 

Три бомби експлодирале во дворот на Големата џамија во Кано и во блиската улица, кусо време по почетокот на традиционалната исламска петочна молитва, изјавиле очевидци за AFP.

„Две бомби експлодираа една по друга во кругот на Големата џамија, неколку секунди по почетокот на молитвата. Третата бомба експлодираше во блиската улица (…) Полицијата по експлозиите пукаше за да го одврати можниот напад“ изјавил за агенцијата Амину Абдулахи, верник кој бил во џамијата во времето на нападот.

Џамијата се потпира на палатата на емирот на градот Кано, Мохамед Сануси Втори, втор по важност муслимански челник во Нигерија. Засега не е познато каде бил емирот во време на нападот. Во истата таа џамија емирот минатата седмица го повика населението во северниот дел од земјата да се вооружи и да им пружи отпор на радикалните исламисти од Боко Харам, критикувајќи ја неспособноста на нигериската армија да ги брани цивилите од екстремистите.

Нападот го извеле двајца бомбаши самоубијци и вооружени лица, соопшти локалната полиција. Според претставник на полицијата, нападот го извршиле двајца самоубијци кои влегле во џамијата, а потоа „непознати луѓе отворија оган врз луѓето кои се обидуваа да им помогнат на повредените или да се сокријат“. Во нападот учествувале најмалку 15 бунтовници, од кои покрај двајцата самоубијци четворица биле убиени, а другите успеале да побегнат, соопшти полицијата во Кано.

Болницата во Кано примила 120 тела по нападот, а во трите болници во градот се регистрирани 270 ранети, рекол челникот на спасувачките служби кој сакал да остане анонимен. „Бројот на жртвите ќе расте“, предупредил.

Нигериската армија на почетокот од септември призна дека бунтот на Боко Харам му се заканува на суверенитетот на земјата. Меѓутоа тврди дека ја преземала контролата над повеќе градови.

Боко Харам пет години води вооружен бунт, главно концентриран во североисточна Нигерија. Само досега во 2014 година Боко Харам ја презема одговорноста за смртта на повеќе од три илјади луѓе во цела Нигерија. Кога во 2009 година првпат јавно го призна своето постоење, оваа радикална исламистичка група којашто некои ја сметаат за секта, ги напаѓаше само христијаните во желбата да ги протера или преобрати за од Нигерија да направи исламска држава во којашто ќе владее шеријатот, меѓутоа од 2013 година цел ѝ се и припадниците на безбедносните сили и цивилите, како христијани, така и муслимани.

Боко Харам инаку е основана во 2002 година како секта на салфитите, кои во прво време сакаа да прогласат исламска држава во северна Нигерија. Од тогаш, според нигериските власти, во нејзините терористички акти загинале над 10 илјади луѓе. Групата којашто го забранува западниот модел на образование, а особено на жените, извршува напади и врз училишни комплекси и интернати, а во еден таков од април годинава градот Чибок киднапираше 276 ученички од кои успеаја да побегнат 57, но судбината на 219 сѐ уште е непозната.

Исламистичката групација Боко Харам е активна во северните и централните делови на Нигерија каде што мнозинството население се муслимани. Групата која е поврзана со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, ја презема одговорноста за многу терористички напади и стои зад други вооружени напади врз верски објекти, села, како и во соседните држави. Нејзините борци беа вклучени во неколку терористички напади во 2011 година, вклучително и врз седиштето на Обединетите нации во главниот град Абуџа.

Во Нигерија последните месеци се разжестува бунтот на исламистите чии упоришта се во североисточниот дел од земјата, каде што е прогласена вонредна состојба. Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12-тe провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓу муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство.

Нигерија е составена од вкупно 36 сојузни држави и има население од околу 160 милиони, кои речиси по половина се христијани на југот и муслимани на северот, но милиони од нив живеат и на север и на југ.

Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустрија во земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron”, „Shell” и други нафтени компании./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија12 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија14 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија14 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија14 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија15 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет17 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет17 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет1 ден

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ1 ден

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ1 ден

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија2 дена

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија2 дена

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија2 дена

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ2 дена

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија2 дена

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...