Контакт

Вести

Најмалку 213 загинати во џихадистичкиот напад во Багдад

Објавено пред

Најмалку 213 лица се убиени во самоубиствен напад со автомобил бомба во ирачката престолнина Багдад во неделата утрото за кој одговорноста ја презема екстремната сунитска организација Исламска држава, објавија во понеделникот ирачките функционери, изнесувајќи ги новите податоци за настраданите. 

dobivaj vesti na viber

Меѓу загинатите има најмалку 25 деца, десет жени и шест полицајци, се додава во соопштението на претставниците на покраинските власти на главниот град Багдад. Во болниците се хоспитализирани уште околу 130 повредени, а вкупно 300 се ранети, но сепак се очекува дека бројот на жртвите ќе се зголемува.

Станува збори за најголемиот напад во главниот град на Ирак повеќе од една година, и еден од најголемите кога и да е изведени во земјата.

Бомбашкиот напад е изведен во близина на шиитски религиозен центар во главно шиитскиот деловен кварт Карада, во периодот кога луѓето по дневниот рамазански поста интензивно одат на пазарење пред крајот на светиот месец рамазан.

Експлозијата предизвика пожари во неколку згради и продавници. Улиците биле преполни со остатоци од возила и згради идентификација на жртвите може да трае подолго време/

Во соопштението на Исламската држава се наведува дека нејзиниот бомбаш самоубиец со миниран автомобил намерно ги целел шиитите, кои сунитските џихадисти ги сметаат за еретици.

Портпаролот на ирачките воени сили во Багдад, генералот Саад Маан изјави дека е уапсена група луѓе коишто се осомничени за учество во нападот во Карада, но не сакал да наведе други поединости.

Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади прогласи во неделата тридневна жалост откако го посети местото на нападот, каде беше дочекан од гневното население кои ја обвинува владата дека не презема доволни мерки за да го заштити, во прв ред шиитското мнозинство, од терористичките нападaти.

Комитетот за безбедност на Советот на покраината Багдад и овојпат истакнува дека контролните пунктови се бескорисни, бидејќи безбедноста во главниот град и во другите покраини не се потпира на присуство на постојан број припадници на безбедносните сили, како и дека затајуваат разузнавачките служби,

Овие напади се случија една седмица откако Исламската држава по повеќенеделната офанзива го загуби стратешкиот град Фалуџа, 50 километри западно од Багдад. Нападот покажува, исто така, дека џихадистичката организација има уште капацитети да задава смртоносни удари во ирачката престолнина, а особено нејзина цел се шиитските населби.

Претходниот голем напад на Исламската држава во Багдад беше изведен на 17-ти мај. Тогаш во двоен атентат во две населби загинаа околу 50 лица, со повеќе од 100 ранети. Таа седмица речиси 200 луѓе загинаа во Багдад и околината во терористички напади.

Според најновите податоци на ОН, во текот на јуни во насилствата во Ирак загинале вкупно 662 цивили, а други 1.457 биле ранети. Само во Багдад, кој е најтешко погодената област, регистрирани се 236 цивилни жртви и 742 ранети./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа13 часа

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...

Македонија14 часа

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако...

Топ14 часа

Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази...

Македонија15 часа

По случајот со починатото новороденче на ГАК, Комисијата за стручен надзор констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, соопшти...

Македонија17 часа

Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги што ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните

Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот...

Македонија18 часа

Дислокацијата на цементарницата не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решението за воздухот во Скопје е системско, кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на...

Македонија19 часа

Мицкоски: Набавени нови 120 полициски возила за униформираната полиција

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи...

Македонија19 часа

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието,...

Македонија20 часа

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со...

Македонија21 час

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“

Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна...

Топ21 час

Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети

Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети. Вчера во 20:18 часот на Граничен...

Македонија22 часа

Филипче да одговори дали има удел во бизнисот на Заев за изградба на 42-катницата во Дубаи, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДС продолжува на дневна основа да штанца долги, бесмислени и конфузни соопштенија без никаква суштина, но ги нема збор да...

Свет23 часа

Полска пресретна руски авион над Балтикот, воздушниот простор е нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион што леташе близу до нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и...

Свет1 ден

Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори

Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со...

Македонија1 ден

Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во...

Македонија2 дена

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија2 дена

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ2 дена

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...