Контакт

Вести

Најмалку 22 загинати во заложничката криза во Бамако

Објавено пред

Најмалку 22 луѓе се убиени во нападот на вооружени бунтовници врз хотелот „Radisson Bleu“ во малиската престолнина Бамако, соопштија во петокот вечерта извори од безбедносните структури на оваа африканска земја.

dobivaj vesti na viber

Претходно малиски функционери изјавија дека во хотелот се убиени и заложници и напаѓачи, и оти биле пронајдени 18 тела, но мировниците на ОН пренесуваат дека виделе 27 тела на два ката од луксузниот хотел „Radisson Blue“ во центарот на Бамако.Напаѓачите, чиј број засега не е точно утврден, упаднале во хотелот вооружени со автоматски пушки, а акцијата ја извеле со повиците на арапски јазик „Алаху Акбар“ (Господ е голем). Исламистите биле забарикадирани на седмиот кат од хотелот кој вкупно има 190 соби, рекле очевидци и безбедносни извори.Освен вработените и некои гости Малијци, во моментот на нападот биле гости од осум држави, Аалжир, Германија, Белгија, Кина, Франција, Индија, Турција и САД.Во петокот претпладнето, во центарот на главниот град Мали, поранешна француска колонија, точно една седмица по масакрот во Париз, вооружени напаѓачи го заземаа хотелот земајќи во заложништво 140 гости и 30 вработени во хотелот кој е многу популарен меѓу странците кои престојуваат во Бамако. Одговорноста за нападот ја презема екстремната исламистичка група Ал Мурабитун, којашто е основана од бараниот алжирски терорист Моктар Белмоктар и е составена од Туарези и Арапи. Според некои извори, оваа група ѝ изразила лојалност на екстремната сунитска група Исламска држава, а според други, пак, дејствува како една од африканските ќелии на Ал Каеда.Групата Ал Мурабитун беше вклучена во нападот од јануари 2013 година врз нафтениот комплекс Ин-Аменас во Алжир, кога беа убиени околу 40 цивили. Во март годинава ја презема одговорноста и за нападот врз ресторанот „La Terass“ во Бамако, кога беа убиени пет луѓе.Малискиот функционер Амаду Сањо потврди доцна попладнето дека вооружените припадници на исламистичката група повеќе не држат заложници во хотелот. „Тие луѓе го преземаа цивилните власти“, изјави Сањо по акцијата на малиските командоси во хотелот преземена за ослободување на преостанатите заложници.Во хотелот кој е во американска сопственост повеќето од гостите биле странци, а во текот на првата акција, кога беа ослободени 80 заложници, тројца беа убиени. Меѓу нив и Жефри Дједуне, член на парламентот на белгискиот регион Валона.Помош во акцијата за ослободување дале и американските специјални сили, а на место од кризата беа упатени и француските командоси кои се присутни во земјата. „Осумнаесет тела се пронајдени“, изјави за AFP странски безбедносен извор, додека малиски воен извор рекол дека се „убиени двајца терористи“.Припадниците на мировните сили на ОН виделе околу 27 тела на два ката од хотелот, изјавил за Reuters функционер на светската организација. Дванаесет тела имало во подрумот а петнаесет на вториот кат, рекол овој неименуван функционер.Во 2012 година во Мали избувна вооружен конфликт меѓу владините сили и исламистичките милитанти во северот на земјата во голема мера предизвикани од влошување на ситуацијата во соседна Либија.Брзото напредување на екстремистите коишто го заземаа речиси целиот север на земјата и се закануваа со заземање на престолнината Бамако, беше спречено со интервенција на Франција која испрати свои сили и со распоредувањето на мултинационалните африкански сили во Африка, по што следеше и распоредување на мисија за стабилизација на Мали на ОН – МИНУСМА.Од крајот на минатата година екстремистичките формации во северно Мали, вклучително и Движењето за единство и џихад во Западна Африка, повторно започнаа со засилени активности и повремено ги напаѓаат, како владините сили така и мировниците на ОН.Кон крајот на октомври, владините сили на Мали започнаа со голеам операција против исламистите, која треба според најавите да трае следните три месеца./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет40 минути

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет49 минути

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа1 час

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија11 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет12 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет14 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет15 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија18 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија20 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет21 час

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет23 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа24 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија2 дена

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија2 дена

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...