Контакт

Вести

Најмалку 23 жртви во напад врз шиитски аџии во Багдад

Објавено пред

Бомбаш самоубиец се залета во саботата со автомобил бомба во процесија на шиитски аџии во близина на ирачката престолнина Багдад, при што се убиени најмалку 23 лица, а повеќе десетици се ранети, соопштија ирачките безбедносни служби.

dobivaj vesti na viber

Автомобилот бомба експлодирал на патот во областа Нахраван кога верниците се движеле во северниот багдадски кварт Кадимија, по којашто шиитските аџии се движат на патот до гробот на Муса ибн Џафар ал-Казим, седмиот од дванаесетте имами на шиитизмот, отруен во затвор во 799 година по наредба на абасидскиот калиф Харунал-Рашид.

Болнички извори за локалните медиуми изјавиле дека се очекува бројот на жртвите да биде поголем, бидејќи некои од ранетите се во критична состојба.

Секоја година милиони аџии од Ирак, но и од соседните Иран и Сирија, пристигнуваат во ова светилиште. Минатата година, исто така, тие беа цел на напад во кој загинаа 13 луѓе.

За саботниот напад засега никој не ја презема одговорноста, но познато е дека радикалните сунитски групи а особено екстремната сунитска организација Исламска држава постојано го напаѓа шиитското мнозинство и другите етноконфесионални заедници во Ирак кои ги смета за еретици и неверници.

Во петокот еден цивил загина а шест други беа ранети во експлозија во шиитската населбата ал-Обеиди во источен Багдад. Во западниот дел од ирачката престолнина, пак, загина уште еден цивил во петокот во експлозија на импровизирана бомба оставена под неговото возило. Неидентификувани лица истиот ден смртно застрелаа полицаец во градот Тармија, околу 50 километри северно од Багдад.

Мисијата на ОН за помош на Ирак соопшти дека вкупно 1.119 Ирачани загинале, а уште 1.561 се ранети во терористички напади, насилства и вооружениот конфликт во текот на март. Бројот на цивилните жртви изнесувал 575, а 544 се припадници на ирачките безбедносни сили. Најголем број цивилни жртви е забележан во Багдад, каде се убиени 259 цивилни жители на ирачката престолнина./крај/мф/сн

Извор: Press TV



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа48 минути

Зеленски: Украина нема ништо да му подари на агресорот и нема ништо да заборави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „ниту ќе даде, ниту ќе заборави“ ништо на Русија, најавувајќи зајакнување на одбранбената...

Свет1 час

(Фото) Огромно парче запален отпад откриено во пустина во Австралија: најверојатно е вселенски отпад

Огромно парче запален отпад откриено во пустината Пилбара во Западна Австралија најверојатно е вселенски отпад што повторно влегол во атмосферата...

Свет1 час

(Видео) Товарен авион „Боинг 747“ се излизга од пистата во морето во Хонг Конг, двајца мртви

Товарен авион од Дубаи се излизга од пистата во морето при слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг рано утрово,...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Не му кажав на Зеленски дека мора да го предаде целиот Донбас на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас...

Европа2 часа

(Видео) Се појави снимка од ограбувачите на Лувр

Вчера утрото, околу 9:30 часот, група од четири маскирани разбојници извршија брз и прецизен грабеж во музејот Лувр во Париз,...

Македонија7 часа

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот...

Македонија7 часа

Орце не бегај од дебата, од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата, порача Апасиев

Вечерва објавуваме дека Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, објави на прес-конференција Димитар Апасиев, лидерот на оваа партија. „За...

Македонија8 часа

Победивме убедливо во првиот круг во Струмица, дваесет години чекавме на овој ден, рече Мицкоски и кажа дека Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

Историски резултати се бележат на овие избори и според премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој доцна...

Македонија9 часа

СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг –...

Македонија10 часа

„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за...

Македонија10 часа

Адеми од ДУИ: Историски резултат во Чашка, имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар, Липково и Пласница

Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за...

Македонија11 часа

Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

Во повеќето општини низ Македонија, во моментот во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците објавени на страната...

Македонија11 часа

Очекуваме историска победа за Орце, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници во поголем број општини, СДСМ сака да си го оправда изборниот дебакл, порача Мисајловски

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, кажа вечерва потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Разликата е некаде три спрема еден...

Македонија11 часа

Убедлива е победата во Чаир и Тетово, на ДУИ им ја честитам победата во Пласница, рече Меџити

На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет да им ја честитам победата во Пласница, рече во шега Изет...

Македонија11 часа

СДСМ објави водство во неколку општини меѓу кои Центар, но обвини и за повеќе нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека изборниот ден поминал генерално мирно, но констатирале бројни прекршувања...

Македонија12 часа

11 лица приведени, за Тошковски денешните избори се најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата

Македонија уште еднаш покажа демократска зрелост и политичка култура. Денешните избори поминаа како едни од најмирните и најбезбедните во поновата...

Македонија12 часа

Се испитува поткуп на гласачи во Крива Паланка, Велес Крушево, Охрид и фотографирани гласачки ливчиња во Гази Баба и Тетово

Како мирен го оцени изборниот ден Џелал Бајрами,  претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по...

Македонија12 часа

„Вреди“ почна да слави победа за Чаир

„Вреди“ очекува убедлива победа уште во првиот круг на Изет Меџити во Чаир, над опонентот од ДУИ, Бујар Османи. Пред изборниот...

Македонија13 часа

46, 65 проценти е одзивот на гласачи до 18:30 часот, соопшти ДИК

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во Македонија. „Последниот одзив е...

Македонија13 часа

(Видео) Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од локалните избори во 2021 година

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека партијата е на праг на голема победа и очекува да освои повеќе гласови...