Вести
Најмалку 40 убиени во неколку експлозии во Нигерија

Најмалку 40 луѓе се убиени, а се стравува дека оваа бројка може да биде поголема во неколку експлозии кои одекнаа во североисточниот дел на Нигерија, објавија локалните власти во четвртокот за последниот во серијата напади кои само во јули однесоа 430 човечки животи.
Првата бомба била активирана во средата навечер по локални време во близина на мотопаркот Дадин Кова, североисточно од градот Гомбе а втората дваесетина минути подоцна во близина на првата експлозија, пренесува AFP повикувајќи се на локалните власти и изјави на локални жители.
„Досега пронајдовме 12 тела на местото на првата експлозија…. Телата се многу осакатени а има и неколкумина тешко повредени“, рекол еден припадник на спасувачките служби кој сакал да остане анонимен, додавајќи дека нивната цел била да спасат што повеќе животи.
Ф’важе Атаџири, портпарол на полицијата во Гомбе, потврдувајќи ги експлозиите рекол за AFP дека властите сé уште не можат да бидат сигурни во бројката на загинатите. Според него третата и четвртата експлозија се случиле на Дуку, речиси еден час по првите две.
„Јас и другите кои беа во близината на местото на експлозиите се вративме и почнавме да ги извлекуваме телата. Избројав повеќе до 30 тела. Ми се слоши и престанав…“, додал неименуван продавач чија продавници е во близина на споменатата автобуска станица.
Во случен напад во Гомбе токму пред една седмица во двојна експлозија загинаа 50 луѓе на градскиот централен пазар.
Ниедна група досега не ја презема одговорноста за нападите минатиот и овој четврток во Гомбе, но според властите тие го носат сите обележја на сличните вакви напади за коишто одговорноста ја преземаше екстремното исламистичко движење Боко Харам. коешто во бунтот што го започна во 2009 година уби повеќе од 14 илјади луѓе, а најмалку 1,5 милиони жители се иселија од североистокот на земјата.
Боко Харам „западното учење е грев“ од превод на јазикот хауса), која се противи на сите западни културолошки обележја, е радикална исламистичка група којашто делува на северот и североисточниот дел од најнаселената земја во Африка. Покрај во Нигерија, нејзините припадници кои во март годинава ѝ изразија лојалност на џихадистичката група Исламска држава, се активни и во соседните земји – Нигер, Камерун и Чад, каде што се обидуваат да воспостават калифат и да го воведат владеењето на нивното толкување на шеријатот (исламскиот закон)./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.