Контакт

Вести

Најмалку 75 убиени во две експлозии во северна Нигерија

Објавено пред

Најмалку 75 луѓе загинаа во средата во две експлозии во северна Нигерија, во сојузната држава Кадуна, пренесуваат локалните медиуми.

Според претставници на нигериската полиција, 25 луѓе загинале во нападот на бомбаш самоубиец врз конвој со високи претставници на муслиманското свештенство. Потоа уште околу 50 луѓе смртно настрадале во експлозија на фреквентен сточен пазар во едно село во северната сојузна држава Кадуна.Засега ниедна група не ја презема одговорноста за двата напада. Сепак сомневањата на нигериската полиција се насочени кон исламистичкото радикално движење Боко Харам, којашто досега редовни ја преземаше одговорноста за слични терористички акти во кои страдаат по повеќе илјади лица секоја година. На северот од Нигерија дејствуваат повеќе милитантни групи, од кои најрадикална и најдобро организирана е токму Боко Харам за која се верува дека е поврзана со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Движењето чиешто име всушност значи „западното учење е забрането“ води неколкугодишна герилска војна за создавање во северниот дел од земјата со вкупно 180 милиони жители, кој е населен претежно со муслимани но и има и милиони христијани, да создаде исламска држава заснова на шеријатските прописи. Цели на нападите на милитантите во прво време беа нигериските безбедносни сили, но во последниот период зачестија нападите врз цивилни цели, христијани како и врз муслимани коишто не ја поддржуваат оваа радикална секта./крај/мф/сн

Извор: BBC

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот

Вакцината што се развива на Универзитетот Оксфорд е една од водечките кандидати во глобалната трка за заштита од коронавирус, пренесува...

Свет1 час

На светот повторно му се заканува затворање поради коронавирусот

Земјите во светот повторно воведуваат рестриктивни мерки и контрола на границите за да го сузбијат повторното ширење на Ковид-19, пред ...

Македонија2 часа

ДИК: СДСМ – 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15

Според последните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата „Можеме“ предводена од...

Македонија9 часа

(Видео) Заев: Имаме над 3 пратенички мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи досега тие освоиле три мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и остава можност за уште плус...

Македонија10 часа

Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада

Генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата пред партиските простории порача дека партијата влегува во трката да формира Влада...

Македонија11 час

(Видео) Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласа и 12 мандати

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади...

Македонија12 часа

Манчевски во изолација, неговиот возач и заменик-министерот на МИОА позитивни на коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку својот фејсбук-профил информира дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот...

Македонија12 часа

Во исчекување на резултатите падна интернет-страницата на ДИК

Веб-страницата на Државната изборна комисија повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем...

Македонија13 часа

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија14 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија15 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија16 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија18 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија19 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија19 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија20 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија21 час

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија22 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион22 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет23 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Досие