Вести
Нападнат парламентот во Канада, ранетиот војник почина

Канадски војник е ранет во среда од огнено оружје пред споменикот на канадските жртви на војната во центарот на Отава, а напаѓачот по инцидентот побегнал во блиската зграда на парламентот, каде што се слушнале уште најмалку 30 истрели. Војникот подоцна починал во болница од раните здобиени од истрелот.
BBC јавува дека не е познат точниот број на напаѓачи, но се верува дека еден од нив е убиен.
Канадската полиција го блокирала целото подрачје околу парламентот, а премиерот Стивен Харпер безбедно ја напуштил зградата откако на терен излегле специјалците. Поголемиот број пратеници сè уште се наоѓаат во парламентарниот комплекс.
Локалните медиуми јавија дека напаѓачот сè уште е на слобода и дека од главната зграда на парламентот се слушаат многу истрели.
Еден очевидец за Reuters вели дека слушнал истрел, а потоа видел маж облечен во црно со шал преку лицето и со оружје како трча кон парламентот.
Мажот потоа запрел автомобил, го исфрлил возачот, а потоа се одвезол кон централниот блок на парламентарниот комплекс каде што во моментот се изведуваат градежни работи. Патем поминал покрај жена со дете, но не ги нападнал, рече очевидецот.
Канадската полиција преку Twitter објави дека во среда наутро имало неколку истрели во центарот на Отава. Од полицијата додале и дека во пукотниците учествувале „неколку напаѓачи“. Властите се обидуваат да дознаат дали станува збор за двајца или тројца напаѓачи.
Нападот се случува по само два дена откако еден исламистички екстремист со автомобил во близина на Монтреал прегазил двајца канадски војници, при што еден од нив загинал. Екстремистот по нападот бил убиен од канадската полиција.
Канада неодамна објави дека се приклучува на меѓународната коалиција која во Сирија и Ирак се бори против Исламската држава. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.