Вести
Направил часовник, но го уапсиле оти професорката мислелa дека е бомба
Полицијата во Тексас уапси четиринаесетгодишен ученик бидејќи во училиште донел часовник кој го изработил сам и сакал да го покаже во одделението, но професорката по инженерство помислила дека тоа е бомба и ја алармирала полицијата.
Таткото на Ахмед Мохамед се сомнева дека инцидентот се случил бидејќи момчето има арапско потекло. Советот за американско-исламистички врски го истражува овој инцидент, а на социјалните мрежи има голема осуда за овој случај. Ахмед отсекогаш сакал роботика и инженеринг и сакал да покаже што знае. Кога часовникот почнал да ѕвони, професорката рекла дека личи на бомба. Професорката го задржала часовникот, а по неколку часови Ахмед бил изведен од училницата и во присуство на директорот одговарал на прашања на четворица полицајци.Според неофицијалните информации, момчето било суспендирано три дена од училиште. Од полицијата тврдат дека момчето упорно тврдело дека направило часовник, но не им дало поопширно објаснување. Од училиштето изјавиле дека секогаш од учениците и персоналот барале да пријават ако забележат сомнителен предмет или сомнително однесување. „Мојот син само сакал да направи нешто што ќе им користи на човештвото, но поради своето име и поради 11-ти септември е погрешно сфатен“, изјавил татко му кој е по потекло од Судан.По инцидентот, момчето доби поддршка од сопственикот на Facebook, Марк Цукерберг и од американскиот претседател, Барак Обама.„Вештината и амбицијата да направиш нешто феноменално би требало да биде наградена со аплауз, а не да заврши со апсење. Иднината е во рацете на луѓе како Ахмед. Ахмед, ако некогаш посакаш да дојдеш во Facebook, со задоволство би те запознал“, напишал сопственикот на Facebook, на својот профил.И Oбама го пoвикал Ахмед да дојде во Белата куќа , а Хилари Клинтон јавно рекла дека детето било уапсено само заради тоа што е муслиман. /крај/мф/ффс
Извор: Index.hr, BBC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.