Вести
Наследникот на судијата во Врховниот суд во средиштето на политичката борба во САД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/vrhoven20sud20sad-2.jpg)
Веста за смртта на конзервативниот судија на Врховниот суд на САД, 79-годишниот Антонин Саклиа, покрена во неделата политичка борба за следниот судија кој ќе го предложи претседателот Барак Обама, бидејќи изборот треба да донесе предност меѓу конзервативците и либералите во деветчлената највисоката правосудна институција во земјата и може да има силен одек во американското општество.
Смртта на Антонин Скалиа го остава Врховниот суд со четири конзервативни судии наспроти четворица нивни колеги кои се сметаат за либерални, што потенцијално создава можноста на многубројни блокади.
Врховниот суд, чиешто седиште е во Вашингтон, е највисокото правосудно тело во САД, го сочинуваат деветте судии со доживотни мандати, коишто ги именува шефот на државата а ги потврдува Сенатот.
Политичката провиниенција на наследникот на Скалиа, кој беше од традиционалистичко католичко италијанско потекло, познат по ставовите против абортусот и поборник на смртната казна, може да направи пресврт во Врховниот суд од едната на другата страна, со значително влијание врз одлуките за големите прашања кои ги потресуваат американското општество.
Претседателот Барак Обама, од редовите на демократите, уште во саботата вечерта е обврза дека ќе ја исполни својата уставна должност со именување на нов судија. Наспроти тоа, републиканските пратеници и особено кандидатите за изборите за негов наследник кои ќе се одржат во ноември годинава, инсистираат именувањето на новиот судија во Врховниот суд да го направи следниот претседател, и ветија дека ќе го блокираат обидот на Обама да го пополни испразнетото место. Републиканците, имено, имаат мнозинство во Сенатот.
Врховниот суд во оваа година требаше да одлучува за првиот поважен случај во врска со абортусот по долги години, како и за случаите за гласачкото право, имиграцијата итн./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.