Контакт

Вести

НАТО и ЕУ се разидуваат во врска со Русија

Објавено пред

Еден од челните луѓе на НАТО изјави во потокот дека сега е погрешен момент за разговори за поправање на односите со Русија, но шефот на Европската дипломатија беше помирлив и изјави дека Европа мора да се врати на комуницирањето со Русија во областите во кои имаат заеднички интерес.
 

dobivaj vesti na viber

Еден од челните луѓе на НАТО изјави во потокот дека сега е погрешен момент за разговори за поправање на односите со Русија, но шефот на Европската дипломатија беше помирлив и изјави дека Европа мора да се врати на комуницирањето со Русија во областите во кои имаат заеднички интерес.

 

Овие изјави упатуваат на различен пристап на двете најглавни западни организации за тоа како ќе се однесуваат кон Русија, десет месеци откако црмоморскиот полуостров Крим, на кој е мнозинско руското етничко население, преку референдум си ја поврати автономијата и изгласа присоединување на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија и тоа ја предизвика најтешката криза меѓу Истокот и Западот уште од времето на Студената војна.

Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Американецот Александер Вершбоу изјави дека ситуацијата во Украина се влошува, како и дека Русија и рускојзаичните бунтовници не се подготвени во целост да го применат договорот за прекин на огнот постигнат ланскиот септември во белоруската престолнина Минск.

Во разговорот за Reuters воден во литванската престолнина Вилнус, Вершбоу изјави дека „општо мислење е меѓу сојузниците“ е дека НАТО треба да истрае на минатогодишната одлука за прекинување на сите практични соработки со Русија во знак на протест против „московското заземање на Крим“. „Бараме целосна примена на договорот од Минск, што е предуслов за напредување во односите со Русија. Мислам дека сега не вистинскиот момент ниту за нагаѓање за таков напредок“, додаде.

Од друга страна, пак, Москва ги обвинува САД и НАТО дека ги „поттикнуваат воинствените повици во Киев“ и сметаат дека со испраќањето на нови воени сили во југоисточните побунети региони на Украина, како и со најавените пет мобилизации оваа година, прозападните киевски власти покажуваат дека немаат намера мирно да ја решат кризата.

За разлика од американските сојузници, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во француската престолнина Париз помирливо изјави дека тој не учествува во „вербалните напади врз Русија“,

„Таа денес е стратешки проблем, но сакам повторно да стане стратешки партнер. Мораме да пронајдеме точки кои се од заеднички интерес и да ги негуваме, а не постојано да зборуваме за Крим. Нема да оди ако се задржиме исклучиво на прашањето на Крим, па колку тоа и да е важно. Колку и да де неприфатливо руското кршење на меѓународното право, мораме да најдеме и нешто друго за разговор“, изјави Јункер.

Истовремено во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама заедно со британскиот премиер Дејвид Камерон се заземаа за продолжување на „острите санкции“ против Русија поради „поддршката на проруските сепаратисти“ во источна Украина.

„Согласни сме дека треба да ги продолжиме острите санкции за Русија се’ додека не ја прекине агресијата во Украина и да ја поддржи Украина во спроведувањето на важните демократски и економски реформи“, изјави Обама на заедничката прес-конференција во Белата куќа.

Камерон, пак, оцени дека „Русија одлучи да го погази суверенитетот на една држава. Тоа претставува закана за нашата стабилност и благосостојба“. „Затоа и во иднина ќе вршиме притисок врз Русија за да се реши таа дипломатска криза. Воедно ќе продолжиме да ѝ даваме помош на Украина на нејзиниот пат на реформите, па и преку финансиска помош“, изјави британскиот челник.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лаворов, во петокот предупреди дека Москва е загрижена поради одлуката на Киев да направи ротација на борбените единици во источна Украина затоа што тоа може да и поткопа мировните напори.

„Кава и да е акција поврзана со воени подготовки не му помага на мировниот процес. Се надевам дека сето тоа нема да доведе до обновување на воениот судир“, порача Лавров од прес-конференцијата во Москва.

Украинскиот парламент гласаше во четвртокот за обновување на своите воен исили на боиштето и за продолжување на регрутирањето и мобилизацијата, под изговор дека има информации оти руските сили ја засилиле воената активност./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија2 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ5 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија5 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет7 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет7 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет8 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион8 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет8 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија19 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија19 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија20 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија22 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...