Контакт

Вести

НАТО – силна поддршка за Украина и осуда на Русија

Објавено пред

НАТО во четвртокот на својот самит во Њупорт во Велс силно го поддржа територијалниот интегритет и независноста на Украина и ја осуди, како што наведува, руската интервенција во оваа земја.
 
 

dobivaj vesti na viber

НАТО во четвртокот на својот самит во Њупорт во Велс силно го поддржа територијалниот интегритет и независноста на Украина и ја осуди, како што наведува, руската интервенција во оваа земја.

 

 

Челниците на 28-те земји членки на Северноатлантскиот воен сојуз на првиот ден од самитот одржаа разговори со украинскиот претседател Петро Порошенко, во рамките на Комисијата НАТО – Украина. „Ние, шефовите на државите и владите на земјите членки на Комисијата НАТО – Украина, сложно ја поддржуваме независноста и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, се вели во заедничката изјава усвоена на состанокот. „Силно ја осудуваме руската, нелегална и нелегитимна самопрогласена анексија на Крим и континуираната и смислена дестабилизација на источна Украина, што е во спротивност со меѓународното право“, се додава во коминикето на Комисијата.„Ја повикуваме Русија да го повлече самопрогласеното ‘присоединување’ на Крин, кое не го признаваме ниту ќе го признаеме. Русија мора да престане со поддршка на милитантите во источна Украина, да и повлече своите сили и да престане со воени активности по должината на украинската граница, мора да и почитува правата на локалното население, вклучително и на кримските Татари и да се воздржи од натамошно агресивно дејствување против Украина“, се вели во изјавата.НАТО во декларацијата ѝ го признава правото на Украина да воспостави мир и ред и права на одбран на населението и територијата, односно употребата на армијата во југоисточните региони, но бара да покаже максимална воздржаност во своите сегашни операции за да се избегнат жртвите меѓу локалното население. Сојузниците во Алијансата се обврзаа и дека ќе формираат четири фонда за помош и модернизација на украинската армија во сферите на логистиката, командувањето, кибернетичката одбрана. Ден фонд ќе биде наменет за реедукација на украинските војници ранети во судирите.По состанокот на Комисијата НАТО – Украина, украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека земјите членки на Алијансата му ветиле доставување на „смртоносно и несмртоносно“ вооружување и опрема, покрај споменатите четири фонда, при што вети дека тој ќе стори сѐ за постигнување на прекин на огнот во заноата на конфликтот во неговата земја. Говорејќи на прес-конференцијата по состанокот на Комисијата, генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен, изјави дека Алијансата ќе ѝ достави на Украина околу 15 милиони евра во рамките на помошта за зајакнување на нејзините безбедносни структури.„Сојузниците ќе ја помогнат Украина обезбедувајќи ѝ сума од околу 1 милиони евра. Независна и стабилна Украина, која го следи демократскиот пат и го поддржува владеењето на правото, е еден од клучните елементи на евроатлантската безбедност“, рече Расмусен, Исткна дека Алијансата ќе ѝ помогне на Украина да ги зајакне своите безбедносни структури во областите како што се логистиката, командувањето, кибернетичката сигурност, контролата и комуникациите, како и ранетите војници.Расмусен притоа уште еднаш истакна дека кризата околу Украина може да биде решена со политички средства и со зголемување на санкциите против Русија.„Веруваме дека најдобар начин е политичкото решение. За да се постигне такво политичко решение, смеам дека меѓународната заедница мора решително да одговори н, доколку Русија и натаму се меша во Украина, преку проширувањето и зајакнувањето на економските санкции, кои во голема мера ќе ѝ наштетат на руската економија и ќе ја изолираат Русија“, рече Расмусен.Според него, НАТО е подготвен да го прифати планот на рускиот претседател Владимир Путин  за решавање на ситуацијата во југоисточна Украина, доколку тој е искрен обид за политичко решение на конфликтот.„Доколку неодамнешната изјава на претседателот Путин преставува веродостоен обид да се изнајде политичко решение, би го прифатил. Зошто тоа е токму она што ни е неопходно – конструктивен политички процес“, порача Расмусен.„Морам да кажам дека и претходно бевме сведоци на вакви изјави и иницијативи, а тие служеа како превез за континуирано дестабилизирање од страна на Русија на ситуацијата во Украина. Мора да бидеме претпазливи во нашите процени, имајќи го предвид нашето искуство“, додаде генералниот секретар на НАТО на заминување.Порошенко од своја страна им се заблагодари на земјите членки на НАТО и повтори дека сојузниците ѝ понудија на Украина дополнителна поддршка преки фондовите и преку воена соработка. „Членките на НАТО понудија понатамошна соработка на билатерална основа – создавање наменски фондови како и воена соработка“, рече украинскиот претседател на заедничката прес-конференција со Расмусен.Сепак, што се однесува до доставувањето воена помош, клучна е забелешката дека таа ќе биде на билатерална основа, односно ќе важи за поединечните земји членки на НАТО, а нема да биде под покровителство на Алијансата.Претходно повеќе претставници на НАТО од различни нивоа појаснија дека организацијата не може да ѝ доставува оружје на Украина, од едноставна причина што таа не го поседува, туку оружјето им припаѓа на одделните земји и нивните влади одлучуваат за евентуална нивна испорака на конкретни земји./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија6 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија6 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија8 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија9 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ9 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија9 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија10 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија11 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија11 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија12 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет13 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет13 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет13 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа13 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа14 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа14 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет14 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...