Контакт

Вести

Научниците за СИДА им одаваат почест на загинатите колеги, крајот на епидемијата можеби до 2030-та

Објавено пред

Научниците во саботата ветија дека ќе ги зајакнат напорите во борбата против СИДА-та во споменот на своите колеги загинати во падот на малезискиот патнички авион  во четвртокот во источна Украина, кои патуваа на 20-та Меѓународна конференција за СИДА којашто започнува во недела во австралиски Мелбурн и пред којашто беше објавено дека оваа болест до 2030 година може да биде ставена под контрола.

Меѓу патниците на малезискиот авион кој се урна во  Украина, беше и еден од најценетите светски научници и експерти за СИДА, Холанѓанецот Јоеп Ланге, а заедно со него на 20-та Меѓународната конференција за СИДА со истиот лет патувале и најмалку уште шест други научници, а не околу стотина како што во петокот беше соопштенот.Јоеп Ланге, професор на Универзитетот во Амстердам и поранешен претседател на Меѓународното здружение за лекување на СИДА-та (IAS), повеќе од три децении беше ангажиран во истражувањето и борбата против ширењето на ХИВ вирусот и сузбивањето на оваа неизлечива болест, а беше познат и по заговарањето на поевтин пристап до лекувањето во сиромашните земји во светот.Ланге, исто така, прв го поттикна истражувањето на развојот на првата пристапна комбинација на терапијата во лекувањето на ХИВ и користењето на едноставни антиретровирални лекови во спречувањето на пренесувањето на вирусот од мајка на нејзиното новороденче во сиромашните земји.„Ова е момент на длабока тага во целиот свет, обемот на загубата тешко може да се разбере и да се изрази. Нашите колеги патуваа на собир поради посветеноста на борбата против СИДА-та. Ќе им одадеме почест и ќе мислиме на нив кога во недела ќе започнеме да работиме“, изјави претседателката на IAS, Франсоас Баре-Сиуси, пред конгресниот  центар. Инфекциите со вирусот ХИВ и смртните случаи предизвикани од САДА-та се во опаѓање и се отвора можноста оваа епидемија до 2030 година да биде ставена под контрола 2во секога земја, во секое подрачје“, соопштија Обединетите наци во текстот подготвен за конференцијата во Австралија. “Повеќе од кога и да е претходно, постои надеж дека ќе и’ се застане на патот на СИДА-та во секога земја, во секое подрачје и во секоја заедница. Но, меѓутоа, не е доволно само да одржува борбата против оваа болест, бидејќи со негрижата таа епидемија не може да се сопре“, се наведува во извештајот на програмата на ОН – UNAIDS објавен пред почетокот на конференцијата во саботата во Мелбурн. Експертите предупредуваат дека е многу важно да се зголеми бројот на клиниките достапни на луѓето во сиромашните земји, а особено за жените и девојките за да се информираат за ризичното и сексуалното однесување. Меѓутоа, најголемата опасноста за нив остануваат да претставуваат силувањата и другите облици на сексуално однесување. „Жените и девојките се особено ранливи и сочинуваат речиси петина од сите нови инфекции. Како прво, изложени се на многу висок  ризик од силувања“, се истакнува во споменатиот извештај. Исто така, на многу девојчиња им е недостапно тестирањето на ХИВ поради возрасните ограничувања, се додава. Вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) кој предизвикува СИДА се пренесува преку крвта и спермата, како и преку мајчиното млеко, но може да биде контролиран со коктелот лекови позната како антиретровирална терапија (ART). Агенцијата UNAIDS тврди дека до крајот на 2013 година пристап до оваа терапија имале 12,9 милиони ХИВ позитивни лица, што е драматично подобрување во однос на 2010 година кога до овој коктел лекови пристап имале само 5 милиони заболени. Минатата година од СИДА починале 1,5 милиони луѓе, 35 отсто помалку во однос на 2005 година. „Во борбата против СИДА-та направен е голем исчекор во последните пет години отколку во сите претходни 23 години“, се истакнува во извештајот“./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 минути

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион43 минути

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ48 минути

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет1 час

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет1 час

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет2 часа

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија2 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион15 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија17 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија19 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ20 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион20 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија20 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион21 час

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија1 ден

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија1 ден

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија1 ден

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија1 ден

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија1 ден

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Досие