Вести
Неизвесност во Израел пред парламентарните избори

Исходот од парламентарните избори кои е одржуваат во вторник во Израел повеќе од кога и да е изгледаат неизвесни, додека во недела завршува кампањата анкетите покажуваат наклонетост на избирачите кон лабуристот Исак Херцог.
Остануваат уште два дена да е убедат околу 20 отсто од се’ уште неодлучните Израелци, оценуваат тамошните политички коментатори.
Во саботата навечер премиерот на заменување Бенјамин Нетанјаху неговиот лабуристички ривал се обидоа да ги придобијат нерешителните гласачи во кусата телевизиска дебата, права од почетокот на кампањата, во политичката емисија на вториот канал на израелската државна телевизија разговараа за дипломатијата и за безбедноста.
Предизборната трка официјално завршува во недела навечер голем собир на десницата во Тел Авив. Партијата на Нетанјаху, Ликуд, ќе се побиде да ги мобилизира своите приврзаници, како и левицата којашто пред една седмица собра повеќе десетици приврзаници.
Така во Ликуд сакаат да ја вратат самодовербата, имајќи предвид дека последните анкети даваат предност од четири мета на Ционистичкиот сојуз во кој влегуваат лабуристичката партија на Херцог и ХаТнувах на Ципи Ливни. Ликуд добива 20 места а Ционистичкиот сојуз 24, според анкетата на приватната телевизија Channel 10, односно 22 наспроти 26 во анкетата на Channel 2. Овие предвидувања ги предвидуваат сите претходни анкети кои на Ционистичкиот сојуз му даваа предност од четири места пред владејачката десничарка партија.
И покрај лојалноста на коалицијата на центарот и левицата, исходот од изборите е многу неизвесен. Имено според израелскиот изборен систем, мандатарот за состав на владата не мора нужно да биде носител на листата којашто ќе освои најголем број гласови, туку оно меѓу 120-те членови во Кнесетот (парламентот) кој ќе може да состави коалиција со другите партии во парламентот.
Имајќи ги предвид очекувањата за расплинетоста на гласовите на најмалку 11 листи на десницата, левицата, центарот, ултраортодоксните и арапските, составот на новото мнозинско тешко може да се предвиди. А името на новиот премиер можеби ќе се знае дури неколку седмици по изборите.
Доминира мислењето дека Нетанјаху, кој се кандидира за третиот последователен премиерски мандат, поради своето политичко искуство полено ќе состави коалиција отколку Херцог. Нетанјаху ја темелеше својата кампања на мотото дека тој е гарантот на безбедноста на Израел и предупредуваше во медиумите дека победата на центарот и левицата ќе ја загрози безбедноста на земјата. Притоа ги критикуваше собирањата на „големите парични средства“ во странство за тој да биде поразен на изборите. „Европските земји и левичарите однадвор“ ги финансираат невладините организации кои ги повикуваат Арапите и Израелците од левицата да излезат на изборите, тврди Нетанхају./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.