Вести
Нетајаху: Палестинците повеќе од Израел треба да се плашат од МКС

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени во средата навечер дека Палестинците треба „повеќе да се плашат“ од Меѓународниот кривичен суд (МКС – ICC) отколку Израел, откако претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас претходно во средата ги потпиша документите за палестинското пристапување на овој суд во чија област се и злосторствата против човечноста.
„Повеќе причини за страв има Палестинската самоуправа која состави влада со Хамас, организација којашто е прогласена за терористичка и којашто, како и Исламската држава, врши воени злосторства“, се вели во соопштението издадено од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Ќе го сториме она што мораме за да ги заштитиме војниците на Цахал (Армија за одбрана на Државата Израел –з.р.)“, додава Нетанјаху, додека Палестинците сакаат на Хашкиот трибунал да ги гонат израелските цивилни и воени функционери поради „воени злосторства“ извршени, во прв ред, во трите војни во палестинската енклава Појасот Газа во последниве шест години.
„Ќе го спречиме овој обид за диктат, како што ја спречивме нацрт палестинската резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации“, порачува Нетанјагу ден откако со заложби на израелскиот сојузник САД Советот за безбедност ја отфрли палестинската резолуција со којашто се предвидува потпишување сеопфатен мировен договор во рок од една година, што го подразбира решението со две држави, како и во рок од две години повлекување на границите од пред војната во 1967 година на израелската армија од окупираните палестински територии од Западниот брег (на реката Јордан) и од источен Ерусалим кој и двете страни го прогласуваат за главен град на нивните држави.
Палестинскиот претседател Абас во средата го потпиша барањето за пристапување на МКС за да може да ги гони израелските челници за воени злосторства, со што се заостри судирот со еврејската држава во моментите кога Израел се чувствува моќен по одбивањето на палестинската резолуција во светската организација.
Израелците, сепак, истакнуваат дека со ратификацијата на Римскиот статут со кој се уредува дејствувањето на МКС, може да се сврти против Палестинците од кои некои би можеле да одговараат за своите постапки./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.