Контакт

Вести

Нетанјаху: Израел мора да се подготвува за долготраен судир во Газа

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во понеделникот дека неговата земја мора да се подготви за долготраен судир во палестинската енклава Појасот Газа, со што ги поткопа надежите во брзиот крај на судирот во кој бројката загинати надмина илјада.

dobivaj vesti na viber

Во телевизиското обраќање на јавниот сервис, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека условот за решавањето на кризата е демилитаризацијата на палестинската територијата којашто ја контролира палестинското исламистичко движење Хамас и неговите сојузници, кои САД и ЕУ од порано ги ставија на листите со терористички организации.„Нема да ја завршиме мисијата, нема да ја завршиме операцијата без неутрализацијата на тунелите чија главна цел е уништувањето на нашите граѓани, убивањето на нашите деца“, изјави Нетанјаху, пренесува Reuters. „Мораме да бидеме подготвени на долготрајна (воена) кампања, додека мисијата не биде исполнета“, порача израелскиот премиер. Израелската армија претходно објави дека палестинските борци во понеделникот низ подземен тунел прокопан од длабочината на територијата на Појасот Газа се инфилтрирале на територијата на Израел и влегле во село и отвориле оган врз израелските војници. Израелските медиуми известуваат дека во понеделникот навечер и натаму трае потрагата по милитантите и војниците кои се сметаат за исчезнати, како и дека во судирот се убиени пет борци на Хамас.Исламистичкото движење Хамас, кое од 2007 година по кусотрајната војна со ривалското движење Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абаз со кое во јуни годинава склучи примирје и договор за формирање влада на националното единство што беше повод Израел да се повлече од сеопфатните мировни преговори, издаде соопштени во кое се наведува дека неговите борци убиле десет израелски војници по што безбедно се вратиле на палестинска територија. Токму мрежата тунели коишто со години наназад ги прокопал Хамас преку кои неговите борци се уфрлаат зад израелските линии, е во центарот на израелската офанзива започната на 8-ми јули под називот „Линија на одбраната“ во којашто веќе загинаа над 1.070 Палестинци, од кои повеќето цивили меѓу кои стотина деца, и најмалку 46 израелски војници и тројца цивили.Израелската армија во понеделникот, исто така, и повика цивилите во Појасот Газа особено во околината на градот Газа „веднаш“ да ги напуштат своите домови и да се упатат кон централните квартови на овој најголем палестински град. Секретарот на обединетите нации, Бан Ки-мун, ги повика Израел и Хаамс да го прекинат судирот во Газа и да ги почитуваат меѓународните повици на примирје. „Во името на хуманоста, насилството мора да биде прекинато. Палестинските и израелските челници мора како лидери да ја покажат својата човечност и да го прекинат насилството за да се направи првиот чекор кон мирот“, изјави Бан за новинарите. Челникот на светската организација истакна дека во понеделникот „долго разговарал“ со израелскиот премиер Нетанјаху и го повикал да го „сопре насилството и да ги почитува здружените напори на меѓународната заедница, како и нејзиниот едногласен повик на хуманитарно примирје“.Генералниот секретар на ОН го упати овој повик во понеделникот сличен на апелот на Советот на безбедност при ОН кој во едногласно донесената изјава побара моментално и безусловно примирје во Газа по повод Рамазански бајрам, кој започна во понеделникот кој го означува крајот на постот во светиот муслимански месец./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа1 час

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа2 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет2 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет2 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет3 часа

Во Лос Анџелес, луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет3 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија12 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија12 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија15 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија18 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија19 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ19 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија19 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија21 час

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија21 час

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија21 час

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет22 часа

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет24 часа

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет1 ден

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...