Контакт

Вести

Нетанјаху на средбата со Кери го одби нацртот резолуција за Палестина

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот вечерта во италијанската престолнина Рим три часа разговараше со американскиот државен секретар Џон Кери, откако без размислување одби секаков палестински „ултиматум“ во Обединетите нации.
 

dobivaj vesti na viber

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот вечерта во италијанската престолнина Рим три часа разговараше со американскиот државен секретар Џон Кери, откако без размислување одби секаков палестински „ултиматум“ во Обединетите нации.

 

„Нема да се согласиме со обидите во зададен временски рок да нѝ се наметнат еднострани мерки, додека низ светот се шири радикалниот ислам“, изјави израелскиот на премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот пред да допатува во Рим.

Палестинското раководство претходно во неделата навечер најави дека веќе во среда ќе му предложи на Советот за безбедност при ОН резолуција со којашто ќе се бара до ноември 2016 година Израел „целосно да се повлече од областите окупирани во 1967 година“. Претходно имаше информација дека текст на ваква нацрт резолуција до 15-те постојани и непостојани членки на Советот за бебедност поднел Јордан, и дека израелската страна инсистира САД како постојана членка на Советот да го употреби своето право на вето и да ја блокира.

Франција, пак, пред повеќе седмици ги започна консултациите со Велика Британија и со Германија, а потоа и со САД и со Јемен, за да се изработи предлог кој би ја добила поддршката на сите 15членки на Советот за безбедност на ОН.

Во тој текст се повикува на брзо обновување на изралеско-палестинските преговори кои се закочија летовот, врз основа на неколку темелни принципи, како што е мирната коегзистенција меѓу Израел и Палестинската држава, но без наведување на рокот за повлекување од палестинските територии коишто меѓународната заедница ги смета окупирани од Израел, односно Западниот брег (на реката Јордан) и источен Ерусалим.

„Во време кога изостанува мировниот процес, поради што владее напнатост на теренот, неопходно е брзо да се напредува во врска со нацртот на резолуцијата во Советот за безбедност на ОН“, соопшти во понеделникот портпаролот на министерството за надворешни работи на Франција. Париз, покрај тоа, не сака Вашингтон сам да го решава тоа прашање, соопштија за AFP француски дипломатски извори.

Американците досега беа сомничави кон споменатата француска иницијатива. САД се’ уште не донеле одлука дали ќе го поддржат тој предлог резолуција кој го заговара Париз или ќе вложат вето, рекле американски функционери за новинарите кои ја следат посетата на државниот секретар Џон Кери на Европа.

Според неименувани дипломатски извори, Париз сака да ги придобие Палестинците за спогодба, но изгледа дека тие се поделени на оние коишто сакаат брзо напредување, па и по цена на американско вето, и оние коишто даваат впечаток дека се поконструктивни.

Меѓутоа, се оценува дека според се’ судејќи неизбежно е американското вето за нацрт резолуцијата за којашто се залагаат Палестинците со којашто во ОН се сака да се постигне признавање на палестинската држава. САД сметаат дека тоа мора да биде резултат на преговори.

Нетанјаху во неделата одлучно ја одби замислата за повлекување од Западниот брег и од источен Ерусалим во текот на следните две години, особено што Израел уште минатата година објави дека Ерусалим го смета за своја „историска и неделива престолнина“. „Ни се заканува дипломатски скандал, со други зборови обид преку одлуките на ОН да ни се наметне повлекување од границите од 1967 година во рок од две години“, рече израелскиот премиер.

Американскиот државен секретар Кери во Европа ќе има серија разговори во обидот да го поттикна израелско-палестинскиот мировен процес. Во рамките на тие обиди во неделата навечер во Рим разговараше и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Кери од Рим отпатува за Париз, каде што во понеделникот доцна вечерта имаше тешки разговори со францускиот, британскиот и германскиот колега, од кои се’ уште нема соопштение. Во вторник во Лондон, пак, ќе се сретне со главниот палестински преговарач Саеб Ерекат и со генералниот секретар на Арапската лига, Набил ел-Араби./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија2 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ5 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија6 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет7 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет8 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет8 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион9 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет9 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија19 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија20 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија21 час

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија23 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...